Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Независната кандидатка Билјана Ивановска утре ќе оди на распит во Обвинителството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Независната кандидатка Билјана Ивановска утре ќе оди на распит во Обвинителството
МАКЕДОНИЈА

Независната кандидатка Билјана Ивановска утре ќе оди на распит во Обвинителството

Објавено August 18, 2025 18:20
Сподели
Сподели

Кандидатката за градоначалник за општина Центар од „Независни заедно“, Билјана Ивановска, нема да ја прифати понудата на Јавното обвинителство на Македонија да дојде на распит – откако ќе завршат локалните избори на кои таа ќе учествува, за да не го сфати тоа како политички притисок врз неа.

Според она што го изјави за „Независен“, Ивановска утре напладне ќе оди на распит во обвинителството за даде изјава околу кричината пријава за која не знае од кого е и за што, а обвинителството не знае дали воопшто има основа за неа.

Јавноста беше згрозена од фактот дека 11 часа откако ја објави кандидатурата, полиција и затропа на врата на Ивановска за да ѝ врачи кривична пријава и да ја повика на распит, бидејќи тоа беше протолкувано како политичка порака до неа и благ облик на репресија од власта. МВР и Обвинителството на РСМ го негираат тоа, но оставајќи ѝ да „избере“ кога да се јави на распит, практично оставија можност кривичната пријава да биде злоупотребена додека трае изборниот процес против неа.

„Јас немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со ‘Независни заедно‚ е отпор против воспоставените антивредности на корупција и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација“, реагираше Ивановска по овој настан.

Ивановска беше претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата од 2019-2024, каде дојде од местото самостојна ревизорка во Државниот завод за ревизија (ДЗР). Како кандидатка на „Независни заедно“ за градоначалничка на Општина Центар Ивановска е поддржана од граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 398“, кои се во тек на собирање потписи за да настапат како политичка партија. Поради комплицираната постапка, одморите и краткиот рок, ако не ја завршат регистрацијата на партијата на овие избори ќе учествуваат како независни, но ќе го продолжат формирањето на партијата бидејќи очекуваат „секакви сценарија“ од власта и етаблираните партии да им го отежнат тоа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Охрид SOS алармира: И депонии за опасен отпад ќе се прават само со потпис на градоначалник и министер
Следна Статија Жерновски прогнозира вонредни парламентарни избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ќе ја отвори ли албанската академија пандорината кутија за формирање и други академии!!

Не постои држава во светот, барем во оние што ги знаеме за цивилизирани, каде што има две академии, посебно не во унитарни…

October 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ден на верата и уверувањето во Христовото Воскресение – Денес е Томина недела

Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство како Бела Недела или Мал Велигден е значаен христијански празник кој…

April 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Муцунски го враќа Синани од позицијата ген. конзул во Њујорк, незаконски испратен од Османи и Груби

На предлог на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски владата денес донела одлука за враќање на Мухаби Синани од позицијата…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Статистиката потврдува – Во Македонија повеќе умираат отколку што се раѓаат!

Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува -1 135 лица, што значи дека за…

August 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?