Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „И брат на пратеник на СДС се офајдил со над 200 илјади евра од Еразмус+“, вели ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > „И брат на пратеник на СДС се офајдил со над 200 илјади евра од Еразмус+“, вели ВМРО-ДПМНЕ
ПОЛИТИКА

„И брат на пратеник на СДС се офајдил со над 200 илјади евра од Еразмус+“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Објавено August 19, 2025 09:33
Сподели
Сподели

„Сумите од по 200 илјади евра од Еразмус +, како од шала, се делеле на лица блиски од СДС. Покрај Фрчкоски, судијата Лазар Нанев, во времето на Лидија Димова и Зоран Заев, со 205 илјади евра, пари од агенцијата, се офајдил и брат на пратеник од редовите на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Станува збор за братот на тогашниот пратеник од СДС, Диме Велковски. На него, Заев и Димова преку Еразмус+ му доделиле грантови финансиски средства за два проекти и тоа, за дресирање магариња и правење сирење.

Едниот бил во висина од 83 илјади евра, и тоа, верувале или не, за дресура на магариња. Нешто до тогаш, но и до сега, невидено и невообичаено. Наместо средствата да завршат за образовни проекти за младите, тие завршиле кај брат на пратеник од СДС, за дресирање магариња.

Но, СДС не застанаа тука, на братот на пратеникот Велковски од Агенцијата му доделиле дополнителни 125 илјади евра, и повторно не за образовен проект, туку за проект „Избери сирење“, кој нема никаква врска со образовни програми.

Преку Димова, СДС и Зоран Заев ги цедеа финансиските средства од Еразмус+, за парите да ги делат на нив блиски луѓе. За да ги задоволат партиските потреби, делеа пари на судии, професори, на браќа на пратеници.

Ваквата злоупотреба и проневера на финансиски средства наменети за образовни програми за младите, не помина незабележана ниту од јавноста, ниту од Европската заедница која бара да и се вратат дел од проневерените пари.

Ова е потврда и доказ дека СДС, Заев и Димова не си ја вршеле чесно својата работа, туку дека финансиските средства ги користеле за задоволување на партиските интереси, со што го уривале и угледот на државата.

Затоа го повикуваме обвинителството, да не молчи и да ги штити како до сега, туку да се стави во служба интересите на државата и конечно да донесе правда и секој кој се огрешил или проневерил финансиски средства, да одговара“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Ангелов: Пожарот кај Јасен е ставен под контрола
Следна Статија Анчелоти не го повика Винисиус во бразилската репрезентација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Реџепи: Има повици за војна со Албанците

Скендер Реџепи од опозицискиот Европски фронт рече дека нема да ја поддржи декларацијата, оценувајќи дека е само празен лист што…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Димитров со еден потпис го промени името на државата, па сега му текна да ја критикува ЕУ

Однесувањето на Европската Унија и гласањето во Европарламентот успеа да го изнервира дури и потписникот на Преспанскиот договор, екс-министерот Никола…

July 15, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, состојбата излегува од контрола

Состојбата апсолутно излегува од контрола, напиша претседателот на СДСМ Венко Филипче на Фејсбук, поради серијата пожари кои ја потресуваат државата…

September 13, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Орбан паѓа – Мицкоски договара враќање на Груевски

Додека политичката сцена во Унгарија се менува, а поддршката за Виктор Орбан драматично опаѓа, Христијан Мицкоски останува тера со своите…

March 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?