Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Земјиштето на Мијалков во Гевгелија го купи фирма во која и балерина до лани била еден од сопствениците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Земјиштето на Мијалков во Гевгелија го купи фирма во која и балерина до лани била еден од сопствениците
МАКЕДОНИЈА

Земјиштето на Мијалков во Гевгелија го купи фирма во која и балерина до лани била еден од сопствениците

Објавено August 20, 2025 18:46
Сподели
Сподели

Друштвото за градежништво Енерго максистем ДООЕЛ Скопје е новиот сопственик на атрактивната градежна парцела во Гевгелија, која беше конфискувана од екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, а државата неодамна ја продаде на јавна аукција.

Како што пред еден месец објави ,,Фокус”, земјиштето беше продадено за точно 916.113 евра. Станува збор за плац составен од 8 парцели, со вкупна површина од речиси 19.000 квадратни метри.

,Фокус” изминатиот период чекаше одговор од Агенцијата за управување со одземен имот за тоа кој е новиот газда на земјиштето, но не добивме повратна информација. Промената на сопствеништвото ја откривме преку пребарување во Катастар, каде што новиот сопственик веќе е впишан.

Податоците од Централниот регистер покажуваат дека новиот газда, поточно фирмата купувач, постои од 2014 година и е основана со странски капитал, односно од Србија. Актуелен и долгогодишен сопственик е Сања Костовски од Нови Сад, но податоците од Централниот регистер покажуваат и дека извесна Тања Вујсиќ Тодоровска од Скопје, од 2017 година била содружник во компанијата, но од истата излегла во февруари минатата година. Кога ќе го пребарате ова име се појавуваат написи за нашата балерина Тања Вујсиќ Тодоровска, која има долгогодишна балетска кариера.

Податоците за фирмата покажуваат дека минатата година ја завршила со загуби.

Засега не е познато дали сопственичка Сања Костовски планира на земјиштето да изгради казино. Кога обвинителството го заплени овој имот, во случајот ,,Империја”, го вреднуваше како вистинско богатство, бидејќи станува збор за атрактивна локација во близина на границата со Грција. Парцелата е идеална за изградба на казино, а за таа намена навидно и ја купил екс директорот на УБК.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Владата стабилно функционира, ДУИ да извлечат поука и да се реформираат
Следна Статија На Богородица спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сè додека сум премиер проблемите ќе се решаваат

Се трудиме во овие пет месеци да го консолидираме сето она кое што повеќе од три децении е уништувано, а…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во САД испративме порака дека имаме намера да ги јакнеме врските меѓу двете земји

Во САД имавме навистина содржајни средби што траеја повеќе од час и половина, каде можевме во тој период да ги…

January 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во вторник ССМ излегува на протести

Задутре членството на Сојузот на синдикати на Македонија излегува на протест. Зголемување на минималецот без согласност од Економско социјалниот совет…

March 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите

Билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не им ги продолжуваат годишните карти за наредната година на студентите за бесплатен јавен…

December 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?