Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите ќе собира предлози за локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите ќе собира предлози за локалните избори
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите ќе собира предлози за локалните избори

Објавено August 25, 2025 15:07
Сподели
Сподели

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, денеска најави почеток на теренска кампања под мотото „Предложи! Вистинската идеја за вашата општина!“. Во периодот од 27 август до 3 септември, партијата ќе собира предлози и идеи од граѓаните за проекти кои ќе бидат вградени во програмите на кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори.

Сајкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги слуша потребите на народот и ги преточува во конкретни решенија:

„Идеите и предлозите на нашите сограѓани се наша обврска да бидат претворени во проекти во програмите, а потоа и реализирани од позиција на власт,“ истакна тој.

Според најавата, во сите општини низ државата секојдневно од 17 до 21 часот ќе бидат поставени штандови на плоштадите и прометните места, каде граѓаните на специјални формулари ќе можат да достават свои идеи. Во истиот термин ќе бидат отворени и штабовите на ВМРО-ДПМНЕ, а ќе биде овозможено и електронско доставување преку е-пошта: vistinskataidejazavashataopshtina@vmro-dpmne.org.mk.

Сите предлози ќе бидат разгледани од тим експерти, професори и личности со долгогодишно искуство кои ќе имаат задача да ги преточат во конкретни програми со финансиска рамка и рок на реализација.

„Очекуваме масовен одзив на граѓаните, со цел да изработиме што е можно појасни, подетални и содржајни програми, кои ќе произлезат директно од нивните потреби,“ порача Сајкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Детали за акцијата на Финансиска полиција: Уапсени 7 лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари
Следна Статија (ВИДЕО) Казнет турскиот министер за транспорт кој возел со 223 км/ч

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: „Додека не ја променат оптиката што е својствена за песочните плажи, уште долго ќе бидат во опозиција!“

Овие 7 години откако сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и 9 месеци претседател на Владата што не сум се изнаслушал и…

February 26, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

Државата не ги исплаќа своите обврски и со тоа сериозно е загрозена ликвидноста на стопанството. Сериозни проблеми со наплатата на…

October 8, 2025
ПОЛИТИКА

Вреди: Сите знаат дека ДУИ оди во историја

ДУИ знае дека Албанците веќе не им веруваат. Тие го чувствуваат својот крај и се обидуваат да шират страв и…

March 6, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ во влада и ДУИ во опозиција со различни ставови за балансерот, а бадентерот е уставна категорија, посочи Лефков

На новинарско прашање – како ги коментирате критиките од опозициските партии на албанците за укинувањето на балансерот, дека тоа било…

October 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?