Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Студент од Србија си го загубил паричникот на бензиска во Куманово, Македонец го пронашол и му го испратил на Закинтос
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Студент од Србија си го загубил паричникот на бензиска во Куманово, Македонец го пронашол и му го испратил на Закинтос
БАЛКАН

Студент од Србија си го загубил паричникот на бензиска во Куманово, Македонец го пронашол и му го испратил на Закинтос

Објавено August 26, 2025 11:51
Сподели
Сподели

Патувањето од Белград до Закинтос за еден студент од Србија за малку ќе се претвореше во вистински кошмар.

Младиот белграѓанец тргнал со автобус кон грчкиот остров за да летува со пријателите, но набрзо открил дека му го нема паричникот. Го изгубил на бензинска пумпа кај Куманово, а тоа го сфатил дури откако автобусот веќе влегол во Грција. Враќање назад – невозможно.

„Мојот син тргна со автобус за Закинтос преку агенција, како што најчесто прават студентите. На една пумпа во Македонија имале пауза. Дури кога пристигнале во Грција забележал дека му го нема паричникот со картиците и малку пари“, раскажува мајката за српски Телеграф.

Момчето веднаш ги блокирало платежните картички и веќе се помирило со тоа дека од парите нема ништо. Но, приказната доби пресврт што никој не го очекуваше.

Вработениот на бензинската пумпа го пронашол паричникот и успеал преку Инстаграм да стапи во контакт со студентот. Му порачал дека документите и парите се кај него и дека може да ги подигне кога ќе му одговара.

Во договор со туристичките групи, Македонецот се погрижил паричникот да биде испратен во Закинтос со следната тура патници, кои повторно направиле пауза на истата пумпа. Туристичкиот водич го презел и му го предал паричникот на студентот.

„Еден стресен настан заврши на најдобар можен начин. Сè во паричникот беше недопрено“, додава мајката.

Семејството симболично го наградило чесниот пронаоѓач, а одлучија и јавно да му се заблагодарат за неговиот гест, надевајќи се дека вакви примери ќе ги охрабрат и другите.

„Во море од лоши вести, оваа е една навистина прекрасна приказна“, заклучува мајката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп ѝ се закани на Кина со царини од 200 проценти: „Мора да ни дадат магнети“
Следна Статија Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Албанците на нозе, зетот на Трамп сака да изгради двe мега-одморалишта: „Ќе ни го уништат богатството!“

Џаред Кушнер планира да изгради два мегаресорти во делтата на реката Вјоса во Албанија. Тоа е заштитено подрачје, поради што…

May 2, 2025
БАЛКАН

ФОТО: Пронајдени телата на тројцата хрватски планинари загинати во лавина во Словенија

Пронајдени се телата и на преостанатите двајца хрватски планинари кои вчера беа затрупани од снежна лавина под врвот на планината…

October 6, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Мојата вистинска желба е утрешниот ден да помине мирно, се извинувам за грешките

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повика демонстрантите повторно на дијалог по одбележувањето на годишнината од падот на кровот на…

October 31, 2025
БАЛКАН

Албанија го доби првиот милијардер на листата на Форбс, има бизниси и во Македонија

Албанија го доби првиот ултра богаташ кој е на најновата листа на Форбс за 2025 година на најбогати луѓе во…

April 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?