Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Данска го повика американскиот дипломат во Копенхаген поради сомнежи за тајни операции во Гренланд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Данска го повика американскиот дипломат во Копенхаген поради сомнежи за тајни операции во Гренланд
СВЕТ

Данска го повика американскиот дипломат во Копенхаген поради сомнежи за тајни операции во Гренланд

Објавено August 27, 2025 16:50
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи на Данска, Ларс Локе Расмусен, го повика највисокиот американски дипломат во Копенхаген, откако државната телевизија „DR“ објави извештај дека американски државјани спроведувале тајни операции во Гренланд, пишува Би-би-си.

Според телевизијата „DR“, целта на операциите била инфилтрација во гренландското општество и промовирање на негово отцепување од Данска и приклучување кон САД. Иако извештајот не открива за кого работеле тие лица, данската разузнавачка служба предупреди дека Гренланд е мета на „различни видови кампањи за влијание“.

„Секој обид за мешање во внатрешните работи на Кралството е неприфатлив“, изјави Расмусен, додавајќи дека во тој контекст бил повикан американскиот отправник на работи Марк Строу.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повеќепати изјави дека сака да ја анектира територијата.

Данската разузнавачка служба (PET) проценува дека кампањите за влијание имаат за цел да внесат раздор во односите меѓу Данска и Гренланд, преку искористување на постоечки или измислени несогласувања и преку дезинформации. Разузнавачката служба соопшти дека го засилила своето присуство во Гренланд и соработката со локалните власти.

„DR“ извести дека Американец го посетил главниот град на Гренланд, при што се обидувал да состави список на жители кои ја поддржуваат американската идеја за преземање на островот. Целта, според медиумот, била тие лица да се регрутираат во сепаратистичко движење.

Случајот доаѓа неколку месеци по друг извештај во „Wall Street Journal“, во кој се наведува дека американските разузнавачки агенции се насочени кон активности во Гренланд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Билал Суџубаши по осум години на чело на Халкбанк АД Скопје заминува на нова функција
Следна Статија Димитриеска Кочоска: По подолг период економијата закрепнува, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Романија повлече 1,2 тона сомнително заразено месо од продажба

Инспектори од Дирекцијата за санитарни, ветеринарни и безбедносни прашања за храна во романскиот град Бузеу изземаа 1,2 тона месо од…

July 23, 2025
СВЕТ

Од 2019 година немало инспекции во барот во Кран Монтана во кој загинаа 40 лица на новогодишната ноќ

Во барот „Констелејшн“, во швајцарското зимувалиште Кранс Монтана, каде во пожар во новогодишната ноќ загинаа 40 лица, од 2019 година…

January 6, 2026
СВЕТ

Ликвидиран шефот на разузнавањето во Иран

Иранските државни медиуми денеска објавија дека е убиен Маџид Кадеми, шеф на разузнавачката организација на Иранската револуционерна гарда, една од…

April 6, 2026
СВЕТ

Трамп: Ќе воведам царини за ЕУ ​​и Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската унија. Трамп рече дека ЕУ и другите земји имаат…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?