Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Почнуваме со проектот за третата фаза од пругата кон Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Почнуваме со проектот за третата фаза од пругата кон Бугарија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Почнуваме со проектот за третата фаза од пругата кон Бугарија

Објавено August 29, 2025 14:17
Сподели
Сподели

Tоа ќе биде од големо значење за нас како држава, за Македонија како целина, бидејќи на тој начин ќе ја потврдиме онаа наша цел, а тоа е да бидеме крстосница на два многу значајни паневропски коридори, коридорот 10 и коридорот 8, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија одговарајќи на новинарско прашање до каде се процесните подготовки за третата фаза од изградбата на железничката пруга.

Третата фаза е во процес на развивање, би рекол. Битно е дека сите оние пречки коишто во минатото се случуваа, се надминати. Постигната е согласност со нашиот источен сосед. Нашиот дел, би рекол, со одлуката на Влада да се активира грантот, што значи техничка поддршка од страна на Европската инвестициона банка, подразбира дека и ние отпочнуваме со овој проект. Техничката поддршка значи ревизија на основниот проект, ревизија на целосната документација и потоа објавување на јавен повик за изградба и на третата фаза, со што практично ние ќе ја заокружиме целата делница, којашто е дел од коридорот 8, од Куманово до граница со Бугарија, изјави премиерот Мицкоски.

Од другата страна, исто така, процесот добро напредува, така што, со ова коридорот 8 ќе биде целосно исполнет.

Коридорот 10 знаете е дел од проектот којшто го имаме со Владата на Обединетото Кралство, и тука сме во напредна фаза. Така што убави вести, убави моменти ќе има за Македонија и граѓаните во периодот којшто следи, нагласи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орце Ѓорѓиевски: Нови идеи од Љубљана за подобрување на Скопје
Следна Статија Клековски: Нема пријави за непотребна операција по пријавата на кардиохирургот Сашко Кедев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден

Саботата пред Цветници се вика Лазарова сабота или Лазарица. Православните верници на овој ден си споменуваат за чудесното воскресение на…

April 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Преподобен Наум Охридски – Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ

Ако свети Климент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на…

July 3, 2026
БАЛКАН

Бугарија оди на нови избори

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска официјално потврди дека земјата оди на нови предвремени парламентарни избори, откако и третиот обид за…

January 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Канцеларијата за услуги за граѓаните значи брза и ефикасна услуга и можност за намалување на корупцијата

Навистина значаен ден за Аеродром, но и значаен ден за сите нас, бидејќи за многу кратко време почнуваме реално она…

October 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?