Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АНБ доставиле три известувања до Обвинителство за еден поранешен директор и група вработени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > АНБ доставиле три известувања до Обвинителство за еден поранешен директор и група вработени
МАКЕДОНИЈА

АНБ доставиле три известувања до Обвинителство за еден поранешен директор и група вработени

Објавено August 29, 2025 17:40
Сподели
Сподели

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) доставила три известувања до Јавното обвинителство за еден поранешен директор и група вработени во АНБ поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување. Известувањата, како што велат од АНБ, се резултат на внатрешна истрага спроведена по смената на власта во 2024 г., а се однесуваат на постапувања во периодот од 2019 до 2024 г.

Внатрешната истрага довела до сознанија за оформување предмети за оперативни обработки на опозицијата, лидер на опозициска партија и група новинари и медиуми чија цел, според предметот, била уривање на власта. Цел на друга обработка, меѓу другото, биле јавен обвинител и министер во тогашната влада. Било утврдено и намерно одолговлекување на безбедносни проверки, на пример, за еден пратеник на тогашната опозиција, во постапка за добивање безбедносен сертификат. Истрагата на АНБ утврдила дека во овие случаи противправно биле користени материјално-техничките ресурси на Агенцијата, а незаконски се спроведувало и следење на комуникациите.

Известувањата до Обвинителството, велат од АНБ, биле испратени пред околу еден месец.

Актуелен директор на АНБ е Бојан Христовски, а во посочениот период со Агенцијата раководеа Виктор Димовски и Заре Милошевски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Првпат по десет години, три милиони невработени во Германија
Следна Статија Експерти ќе им помагаат на руралните општини – Владата формира Ресурсен центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Администрацијата протестира: Покачување од 30 отсто на платите што почнуваат од 25.010 денари

Почнувајќи од 14 јануари вработените во министерствата за екологија, земјоделство, за дигитална трансформација, правда, култура, економија и труд, транспорт, Државниот…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не ветуваме чуда, туку градиме систем базиран на правда, а не на партиски книшки

За една година со напорна работа, визија и домаќински пристап ја враќаме државата на нозе, дел по дел, институција по…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вајц пред Европскиот парламент: Извештајот претставува важен чекор кон пристапувањето во ЕУ

Македонија, која ги преживеа балканските војни од 90-тите години на минатиот век без масовно насилство и во која живеат различни…

July 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска се празнува Преображение Господово

Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но…

August 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?