Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мајката на Вања не ги познава убијците, сопругот и барал да му препише еден стан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Мајката на Вања не ги познава убијците, сопругот и барал да му препише еден стан
ХРОНИКА

Мајката на Вања не ги познава убијците, сопругот и барал да му препише еден стан

Објавено October 14, 2024 11:30
Сподели
Сподели

Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Зорица Ѓорчевска денеска пред судот рече дека не ги познава обвинетите за свирепото убиство на нејзината 14-годишна ќерка Вања што се случи лани во ноември.

Таа објасни како го поделиле имотот со поранешниот сопруг Александар.

– Настанот се случи на улица Наум Наумовски Борче бр. 87, два месеци живеевме во тој стан, од 10 септември. Претходно живеев во стан на улица Славе Деловски, кој беше моја сопственост. Станот на Наумовски Борче во моментот беше на Александар, претходно беше мој, татко ми ми го препиша – рече Зорица Ѓорчевска.

На прашањето зошто му го дала станот на Александар, Зорица рече дека не може да каже конкретно.

– Јас имав два стана, тој бараше еден да биде на негово име, за ако некому од нас нешто му се случи, да останат за децата. Во 2018 година станот му го префрлив на Александар. Потоа децата сакаа да живеат во тој стан и јас како старател побарав станот да се префрли на име на децата. Постапката почна, едниот стан на едното дете, другиот на другото дете. Нотарската заверка никогаш не беше завршена, тој се повлекуваше, ретерираше. Кога се преселивме, јас инсистирав да се доврши постапката. Јас го користев станот, почнав да го уредувам, да го преградувам, нарачавме мебел и се преселивме на 10 септември. Претходно беше даден под кирија, а киријата ја земаше Александар – рече Ѓорчевска.

Таа додаде дека во нејзина сопственост има станови во Капиштец и во Аеродром, како и мал стан во Охрид, кои ги наследила од нејзините родители.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре почнува грејната сезона, но не за сите: Учениците во Карпош ќе се смрзнуваат до 1 Ноември
Следна Статија Група разбојници за неколку моменти ограбија воз во Чикаго (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Критична е состојбата на момчето од Волково по струјниот удар

Критична е состојбата на момчето од Волково, кое вчера качено на цистерна-вагон доживеало струен удар, изјавија попладнево за МИА од…

January 17, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Спречени обиди за криумчарење на импланти за гради, стоматолошки инструменти, цигари

Царинска управа: спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока 616 стоматолошки инструменти и четири…

November 7, 2024
ХРОНИКА

Обвинителството ќе истражува како 39 полицајци постапувале во случаите на пријавено семејно насилство против Стојанче

Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција…

March 31, 2026
ХРОНИКА

Приведените албански илегалци биле фатени во објект на екс шеф на тајна служба и бизнисмен

Илегалците кои охридската полиција ги фатила пред три дена без соодветни документи се приведени на објект кој се поврзува со…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?