Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Aрхитект кој бил дел од тимот на Ердоган ќе го прави Чаир како Бурса
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Aрхитект кој бил дел од тимот на Ердоган ќе го прави Чаир како Бурса
ПОЛИТИКА

Aрхитект кој бил дел од тимот на Ердоган ќе го прави Чаир како Бурса

Објавено September 1, 2025 08:51
Сподели
Сподели

Екипа експерти од Турција, предводена од Бајрам Вардар, е ангажирана за подготовка на развојниот Мастер план на кандидатот за градоначалник на Чаир, актуелниот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.

Во соопштението до медиумите, се наведува дека се очекува нивното искуство во урбанистичко планирање, архитектура и просторно управување да обезбеди модерен и одржлив визионерски пристап за општината, а се посочуваат и дел од експертите кои ќе бидат во тимот на меѓународно познатиот архитект.

-Во групата експерти, меѓу другите, се наоѓаат: Надир Доган, урбанист со диплома од Универзитетот „Гази“, основач на компанијата ND İMAR A.Ş. и експерт за изработка на просторни планови на голема скала за градови како Истанбул, Бурса, Кожаели и Трабзон, како и за многу проекти за урбана трансформација. Др. Мустафа Тутар, архитект дипломиран на Техничкиот универзитет во Истанбул, магистер од Универзитетот Мисури во САД и докторска титула во областа на урбанизмот. Тој е универзитетски професор и основач на компанијата „Saydam Tasarım“, со повеќе од 800 меѓународни проекти во областа на архитектонскиот дизајн и визуализација, се посочува во сопштението.

Покрај нив, во тимот учествуваат и други експерти од Турција, кои заедно со локални урбанисти и архитекти ќе придонесат во изработката на Мастер план кој има за цел да го позиционира Чаир како модел на одржлив развој во Скопје, стои во соопштението.

Порано овој месец на неговиот фејсбук профил, вицепремиерот Меџити го објави името на светски познатиот архитект од Турција, кој ќе биде дел од тесниот круг на соработници кој веќе работи на новиот концепт за урбан развој на Општина Чаир.

-Слично на Истанбул или Бурса, предизвиците и тука во Чаир се слични. Ние сме биле и во Барселона, и тој град претрпе реновирање. Ние ќе изработиме Мастер план за Чаир, заедно со граѓаните и дополнително ќе изработиме план за имплементација. Потоа ќе ги развиеме и столбовите на овој Мастер план, вели меѓу другото архитектот Бајрам Вардар во видеото од разговорот со Меџити. 

Бајрам Вардар  бил дел од тимот на Реџеп Таип Ердоган во периодот кога бил градоначалник на Истанбул, а бил и главен урбанист на градот Бурса, со што директно влијаел врз урбаниот развој на овие два милионски градови.

Бајрам Вардар по потекло е Албанец од Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најмалку 600 загинати и над 1300 повредени во силен земјотрес во Авганистан (ВИДЕО)
Следна Статија (Видео) Путин: Оваа криза не започна со рускиот напад врз Украина, резултат е на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11…

July 19, 2025
ПОЛИТИКА

Тошковски: Граѓаните многу добро знаат кој дозволи бандити да се пресметуваат по улиците на Скопје

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски реагира на обвинувањата од СДСМ „100 дена Влада на Мицкоски а 300 скандали, најмногу…

October 6, 2024
ПОЛИТИКА

Taравари: Mногу легитимно е од премиерот Мицкоски што бара гаранции

Според министерот за здравство Арбен Таравари, по изборите во Бугарија и изборите во САД, ќе се изнајде решение што ќе…

October 24, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: Со приемот на мигрантите Мицкоски сака да не претвори во црна точка на Балканот

Ако Владата и ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека нема има никаков прием на мигранти, тогаш имаат две опции да го докажат тоа,…

December 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?