Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за прислушувањето: Нема да има селективна правда, ќе има одговорност и правна разрешница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за прислушувањето: Нема да има селективна правда, ќе има одговорност и правна разрешница
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за прислушувањето: Нема да има селективна правда, ќе има одговорност и правна разрешница

Објавено September 2, 2025 12:44
Сподели
Сподели

Нашата определба за партнерство и транспарентност е тесно поврзана со европската иднина на државата. Процесот на приближување кон Европската Унија не е само административна постапка, туку суштински трансформациски пат. Отворената власт е алатка преку која ефективно ја реализираме Програмата за работа на Владата 2024–2028, во чиј фокус се граѓаните и нивната доверба во институциите, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, на отворањето на состанокот посветен на партнерството за отворена власт.

Нашата држава се соочува со нов скандал – нелегално прислушкување и масовна злоупотреба на системот во изминатите неколку години.

Јас лично, тогаш како претседател на најголемата опозициска партија, денеска како премиер заедно со новинари, медиуми, бизнисмени и јавни личности сме биле жртва на системот кој ги следел своите граѓани. Ова не е напад само врз мене, туку врз демократијата, врз правото на слобода, врз темелите на државата.

Сакам да порачам: Нема да има селективна правда. Ќе има одговорност. Ќе има правна разрешница. Нашиот народ предолго бил жртва на злоупотреби, на корупциски шеми и на тајни центри на моќ. Времето на недопирливи заврши.

Токму затоа партнерството за отворена власт е наш заеднички одговор. Затоа што таму каде што има светлина, нема простор за сенки. Кога институциите се отворени и отчетни, тогаш нема место за злоупотреба, ниту за загрозување на слободите и демократијата“.

Ние, нагласи Мицкоски, не бегаме од проблемите, туку ги решаваме.

„Ние не се плашиме од предизвици- ги совладуваме.

Нашата визија е да изградиме држава со силни институции, модерна администрација, дигитални услуги достапни за секој граѓанин, со економија што расте и со општество што верува во демократијата.

Наша должност е да создадеме систем што ќе биде транспарентен, праведен и ефикасен, систем кој ќе биде во служба на граѓаните и кој ќе го врати достоинството на јавниот интерес“.

Македонија, како што порача Мицкоски, стои цврсто на патот на реформите, на европската интеграција и на борбата против корупцијата

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски не бил таргет на прислушување, тврди Димовски и бара декласификација на документите
Следна Статија Две години затвор за Сулејман Љамалари за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се намалува криминалитетот кажа Тошковски во Собрание

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на пратеничко прашање за безбедносната состојба во државата рече дека статистиките покажуваат пад…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ристовски: Пропустите се резултат на неспособноста на една градоначалничка и на одговорните луѓе во МОК!

Министерот за спорт Борко Ристовски, одговори на обвинувањата од страна на Град Скопје дека цела година МОК и Министерството за…

July 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Двајца возачи се рекордери, имаат 40 забрани за возење, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа рече дека до 20.00 часот…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Филков: Благодарен сум на помошта од сојузниците во откривањето на случаи на корупција, но некои работи ќе мораме сами да ги истераме до крај

Министерот за правда Игор Филков е благодарен на помошта од сојузниците во откривањето на случаи на корупција, но смета дека…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?