Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: До 30 септември се продолжува забраната за движење во шумите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > До 30 септември се продолжува забраната за движење во шумите
МАКЕДОНИЈА

До 30 септември се продолжува забраната за движење во шумите

Објавено September 2, 2025 19:23
Сподели
Сподели

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека забраната за движење во шумите и шумското земјиште се продолжува до 30 септември 2025 година и ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор.

-Министерството ја потсетува пошироката јавност дека и во периодот кој следи не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен простор. Граѓаните треба да бидат особено внимателни бидејќи, поради високите температури ризикот од појава на пожари на отворен простор сè уште е голем.

Од суштинско значење е јавноста да ги разбере опасностите, како и последиците од појавата на пожари на отворен простор и со своето однесување да придонесе кон заштита и зачувување на шумите, односно животната средина, имотите и заедниците во целина, информира МЗШВ.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ново рочиште на 15 септември: Одбиен предлогот за спојување на постапките во „Адитив“
Следна Статија Екс репрезентативецот Николче Новески станува дел од тимот на ФФМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ајде со Бугарија да поднесеме резолуција до ЕП каде се гарантира македонскиот идентитет и јазик

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вечерва во „Само интервју“ на Телевизија Канал 5, зборувајќи за односот на Бугарија кон нашата…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Предметот за смртта на родилката Маја Кадиева и на нејзиното бебе стоел во фиока три години пред да биде разгледан во Апелација

Три години предметот за смртта на родилката Маја Кадиева од Дојран и нејзиното штотуку родено бебе чекал ред за да…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонската полиција доби нови теренски возила и специјализирана опрема од ЕУ

Министерството за внатрешни работи доби  возила и специјализирана опрема,  обезбедени во рамките на регионалниот ИПА-проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување…

June 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во интерес на сите е изборите да бидат демократски, порача Кондарко

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, апелираше изборната кампања за Локалните избори 2025 да се одвива во коректна…

September 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?