Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мала група од АНБ работела на обработката на активностите на Мицкоски, Николоски, Спасовски, Русковска…
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мала група од АНБ работела на обработката на активностите на Мицкоски, Николоски, Спасовски, Русковска…
МАКЕДОНИЈА

Мала група од АНБ работела на обработката на активностите на Мицкоски, Николоски, Спасовски, Русковска…

Објавено September 3, 2025 09:11
Сподели
Сподели

Група од десетина вработени на чело со Виктор Димовски, поранешен директор на АНБ и Јовче Ременски, поранешен висок раководител во Агенцијата, имале задача да откриваат непријателски елементи во државата чија цел била да ја урнат актуелната власт и биле против евроинтеграцијата на Македонија, односно биле против францускиот предлог. Главна цел за собирањето на информации за нив биле високи претставници на тогашната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, уредници и новинари на медиуми со опозициска уредувачка политика и бизнисмени блиски до овие структури, дознава МКД.мк од извори во обвинителството.

Се работи за обработка на членови на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, уредници, бизнисмени… подготовка на извештаи за нивните активности, нивни средби со дипломати, содржини на тие разговори, средби со други лица и други нивни активности. За најголемиот дел од овие активности на припадниците на оваа група, била обезбедена соодветната процедура за добивање дозвола за примена на посебните мерки (согласност од обвинителство и дозвола од Врховен суд), со образложение дека се работи за луѓе кои наводно се подготвувале да ја урнат актуелната власт и поединци кои наводно биле против интеграцијата на Македонија во ЕУ. Со ваквото образложение лесно се добивала дозволата за примена на тие посебни мерки на комуникациите според Законот за следење на комуникациите. За дел од овие случаи за кои е известено Јавното обвинителство, не била спроведена законски предвидената процедура.

Примената на тие посебни мерки, според Законот за следење на комуникациите, е и следење и тонско снимање на комуникациите на лица на отворен простор и на јавни места, следење и снимање на внатрешноста на објекти, затворени простории, следење и светлосно снимање на лица на отворен простор и на јавни места…

Извори од Агенцијата за национална безбедност појаснуваат дека медиумите треба да бидат внимателни при пренесувањето на ваквите информации затоа што се работи за сензитивен процес за индиции за незаконска работи на една мала група од нивни вработени. На пример, во сите овие случаи немало прислушување, туку примена на други посебни мерки. Според нив, Јавното обвинителство треба на крајот да ја донесе конечната одлука врз основа на нивните индиции. Тенденцијата на раководството на АНБ да биде транспарентно и споделувањето на нивните информации треба да биде во изворна форма, без никакви спектакли и претерувања, појаснуваат од Агенцијата.

Според известувањата испратени пред еден месец во ЈО, од АНБ појаснуваат дека се работи за извештаи од внатрешната истрага за случувањата во Агенцијата за време на директорувањето на Виктор Димовски. Од таа истрага, од сведочењата на поединци, според извршените полиграфски тестирања, се отворија индициите за ваквата злоупотреба на државни органи, под завесата на наводно уривање на актуелната власт.

Она што е интересно е дека освен ваквото етикетирање како „државни непријатели“ на поединци кои не се согласувале со политиката на тогашната власт, што во превод значи злоупотреба на државни ресурси во партиски цели, има сомневање и за класична кражба на пари. Имено, сите тие активности на безбедносните служби и примената на тие посебни мерки понекогаш треба да бидат платени во кеш од спец-касата на АНБ. Има сомневање дека оваа група во период од нешто повеќе од една година земала 50.000 евра, кои потоа биле покриени со наводни награди на поединци од кои се прибирале информации и трошоци за време на нивните средби.

Сепак, останува дека биле следени политичари, новинари, бизнисмени… без никаква вистинска потреба од примена на тие посебни мерки. Немаше државен пуч, немаше подземни активности, немаше терористички акции… власта се смени на нормални редовни избори.

Од АНБ појаснуваат дека не се работи за прислушување, туку за прибирање на информации за таргетирани лица, за нивните ставови, искази во разни прилики, средби со други лица и други нивни активности. Сите овие информации сепак станувале дел од аналитичкиот центар на АНБ, но поголемиот дел бил најден во печатена форма, илјадници страници оставени во една од канцелариите на раководните лица. Подоцна и овие материјали станале дел од аналитичкиот центар. Сепак, останува отворено прашањето зошто се чувале во печатена верзија, во една канцеларија, надвор од сите пропишани процедури.

Од она што досега е објавено, потврдено е дека биле обработувани политичарите Христијан Мицкоски, Александар Николоски, Оливер Спасовски, Драган Ковачки, обвинителката Вилма Русковска, уредниците и новинарите на повеќе медиуми со различна уредувачка политика од политиката на тогашната власт… Вилма Русковска и Оливер Спасовски, тогашниот министер за внатрешни работи, биле предмет на обработка затоа што преземале некакви активности во рамките на нивните надлежности против Фросина Ременска, сопругата на Јовче Ременски од АНБ. Бил следен и бизнисменот Орце Камчев, за кого бил отворен предмет со лажна белешка од вработен од АНБ за наводни негови средби со претставници на бугарските разузнавачки служби. За ова Камчев беше и во притвор. Авторот на таа белешка за време на внатрешната истрага признал дека се работи за лажна белешка и дека тоа го направил под притисок на неговите шефови.

Партизацијата на државните институции во Македонија и нивната злоупотреба во партиски цели, во одмазнички цели на поедини лица, меѓусебни пресметки… доаѓањето во фер пресуди е повторно на голем испит и во овој случај отворен од Агенцијата за национална безбедност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Исцицал“ ли навистина Лајонес-Мајворлд од Македонија 150 милиони евра?
Следна Статија Чулев: Реформите кои ги правеше Оливер Спасовски се покажаа неуспешни, затоа ни се случуваат злоупотреби во разузнавачко-безбедносниот сектор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска на некои места пообилни врнежи од дожд, еве каде наврна најмногу во изминатите 24 часа

Времето низ Македонија денеска ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а некаде ќе…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Арбер Адеми: Уставниот суд донесе уште една скандалозна одлука и потврди дека е инструмент на Владата

Одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на Владата за намалување…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес гласаат 2.162 затворениците, болните и изнемоштени и лицата во старските домови

Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат 2.162 затворениците, лицата во домашен…

October 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: 10 пациенти ќе бидат пуштени од болница 

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес конференција по состанокот со Кризниот штаб, информираше дека моментално се лекуваат 162…

March 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?