Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
МАКЕДОНИЈА

МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми

Објавено September 4, 2025 16:11
Сподели
Сподели

Министерството за образование и наука реагира на прес конференцијата на политичката партија СДСМ од каде со истите, препишани лански соопштенија се обидуваат да девалвираат нешто што е добро сработено сега, а требало токму тие да го сработат во изминатите седум години. За жал, четири нивни министри не успеаја да обезбедат нови учебници, ниту пак да го унапредат електронскиот дневник со кој наставниците имаа големи предизвици до оваа учебна година.

Информираме дека учебници има, за сите ученици. Министерството за образование и наука годинава го испечати целиот тираж кој го побараа сите училишта, преку посебната електронска апликација за пријавување на потребни количини на учебници. Испечатени се претходно одобрените учебници по сите предмети, новите за седмо одделение и за прва година во гимназиите, но и новите по странските јазици по кои недостасуваа седум години!

Најголем дел од тиражот, над 90% се испорачани, а на дистрибутерите им се потребни уште неколку дена за да ја заокружат целосно испораката. Понатаму, планот за распределба на учебниците кон ученици го прават училишните раководства и персоналот, потенцираат од МОН.

По однос на новиот електронски дневник, информираме дека истиот е изработен со поддршка од Европската унија преку ИПА фондовите, тестиран е заедно со корисниците и функционира одлично. Во системот веќе се евидентирани повеќе од 250 илјади корисници – наставници, класни раководители, директори и администратори. Веќе се внесени повеќе од 90% од податоците за учебната 2025/2026 година. Над 15 илјади паралелки се креирани, а класните раководители внесоа над 3000 распореди. Податоците од старите системи се пренесени во новиот систем, соопшти МОН.

Од почетокот на користењето на системот, нема никакви предизвици, а министерството е постојано на располагање за било каква потребна корисничка и техничка поддршка преку службена е-пошта.

Функционалноста на е-дневникот дневник се проверува многу едноставно, од страна на било кој граѓанин, електронски со пристапување кон линкот https://ednevnik.edu.mk . Лесно можат и СДСМ да проверат. Но, болката им е неуспехот од изминатите години кој ги одведе во опозиција, па оттука и ваквите паушални обвинувања за да создадат слика дека сите се исти како нив. Потсетуваме, четири министри за образование се сменија во мандатот на претходната Влада и никој ниту обезбеди учебници, ниту активираше функционален електронски дневник, потенцираат од министерството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зајкова се чуди на барањето на Филипче, кога Декларација веќе била изгласана
Следна Статија Бројот на жртви по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани, соопштија оттаму по денешниот напад…

July 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стапи во сила обвинението против бизнисменот Крмзов и повеќе физички и правни лица за даночна измама

Обвинителатвото за гонење на организиран криминал и корупција информира дека е поднесен Обвинителен акт против седум лица, меѓу кои и…

December 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

По вчерашната серија, ноќеска регистриран уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Уште еден земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.5 степени е регистриран ноќеска по полноќ во 00 часот и 48 минути…

June 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема крај на сообраќајната некултура во Скопје: Возило се движи низ пешачка зона (ВИДЕО)

Срамна и опасна сцена – возило снимено како се движи низ пешачката зона на мостот „Гоце Делчев“. Погледнете го видеото…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?