Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Средба на гувернерот Славески со амбасадорката на Јапонија во земјава, Нејзината Екселенција Кавахара Сецуко
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Средба на гувернерот Славески со амбасадорката на Јапонија во земјава, Нејзината Екселенција Кавахара Сецуко
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерот Славески со амбасадорката на Јапонија во земјава, Нејзината Екселенција Кавахара Сецуко

Објавено September 11, 2025 16:33
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со амбасадорката на Јапонија во Република  Македонија, Нејзината Екселенција Кавахара Сецуко.

На средбата беа разменети мислења за актуелните економски движења во светот, предизвиците со кои се соочуваат централните банки при зголемена неизвесност, како и искуствата од спроведувањето на монетарната политика и одржувањето на финансиската стабилност.

Посебен акцент беше ставен на можностите за унапредување на соработката меѓу Народната банка и институциите од Јапонија, особено во областа на дигитализацијата во финансискиот сектор, јакнењето на финансиската вклученост и унапредувањето на вештините и капацитетот на човечките ресурси. Во таа смисла, беше истакната подготвеноста за размена на знаења и добри практики, имајќи го предвид јапонското искуство и експертиза во овие области.

Гувернерот Славески и амбасадорката Кавахара Сецуко се согласија дека постои простор за натамошно зближување и институционална соработка, којашто ќе придонесе за унапредување на економските односи меѓу двете земји.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кои хороскопски знаци не треба да влегуваат во долгови до крајот на годината?
Следна Статија Ковачки: По она што го видов во службите, ОЈО треба да се издига на клоци ако не покрене обвинение

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Двајца кандидати за претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Двајца кандидати се пријавиле на јавниот оглас за избор на нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

March 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Стапија на сила нови правила за одобрување возила

Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото,…

September 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мексиканска синџир на ресторани затвора локации без банкрот

Синџирот на мексикански ресторани затвора повеќе локации по евалуација на нивното портфолио

January 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Освен „Дура“ и „Аптив“ нема други најави за „селење“ од зоните

Освен „Дура“ и „Аптив“ за сега нема најави за „селење“ на други компании од технолошко-индустриските развојни зони-вели директорот на Дирекцијата…

May 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?