Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Меџити: Ќе се утврдува во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Меџити: Ќе се утврдува во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Ќе се утврдува во колкава мера било загадувањето врз животната средина од пожарот во Трубарево

Објавено September 14, 2025 13:18
Сподели
Сподели

Повеќе од 15 часа траеше борбата со пожарот во складиштето за рециклирање отпад во Трубарево, тој е локализиран и целосно изгаснат и е спречено негово ширење. Веднаш е ангажирана акредитирана лабораторија за мерење на квалитетот на воздухот и тие ќе продолжат и во наредните денови, изјави на прес-конференција во Владата министерот за животна средина и прв вицепремиер  Изет Меџити

Соопшти дека објектот на компанијата „Ф Групација“ во Трубарево има важечка дозвола за управување со отпад издадена од Министерството во  2021 со важност до 2031.

 

За целосна транспарентност, веднаш ангажиравме акредитирани лаборатории за мерење на квалитетот на воздухот, како од Државниот инспекторат, така и од надворешни специјализирани тела. Веднаш по добивање на информацијата за пожарот, во 13.30 часот, Државниот инспекторат за животна средина се упати на местото на пожарот во објект кој го користи правен субјект „Ф Групација“ во Трубарево. Во текот на надзорот беа извршени мерења од акредитирана лабораторија за животна средина Еуромак контрол од Скопје и поставен е 24-часовен мерач на квалитетот на амбиентниот воздух. Потоа направени се мерења од лабораторијата за животна средина при МЖСПП. На терен беше и посебна единица на АРМ за радиобилошко и хемиско загадување која исто така направи мерења, рече Меџити.

Соопшти дека денеска Амбикон – акредитираната лабораторија за животна и работна средина од Штипскиот универзитет ќе изврши дополнителни последователни мерења во наредните пет дена со поставување посебен станичен инструмент.

-Денеска е почнат административен инспекциски надзор кај правниот субјект од кој ќе бидат земени сите потребни докуемнти. По звршување на надзорот ќе бидат преземени сите мерки – земање мостри од почвата, ќе биде нарачано вештачење за утврдување на точноста во колкава мера било загадувањето врз животната средина. Државните институции понатаму ќе останат на терен и ќе продолжат да работат се додека не се расветлат сите аспекти на случајот. Ќе бидеме транспарентни до крај, вашата безбедност е наш приоритетк, рече Меџити.

Нагласи дека се работи за трет пожар на отпад за многу краток период, веднаш по пожарите во Вардариште и Дрисла, и дека ова е „аларм кој бара сеириозна институцинална мобилизација која е веќе во тек“.

-Очекуваме инцидентот да се расветли и причинителот односно причинителите да бидат јавно обзнанени, додаде Меџити на прес-конференцијата со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

На новинарски прашања дали се знае какви материи се шират во воздухот, што дише населението и кога ќе има резултати, одговори дека денеска ќе се знаат и „за се ќе биде известено детално и транспарентно“.

Негираше дека фирмата што го управувала отпадот била сместена во куќа, туку дека имало хали и има дозвола до 2031 година.

На прашањето дали чувствува одговорност што после полноќ и без присуство на медиуми дошол на местото на настанот и снимил изјава, Меџити одговори дека цело време бил во тек и „на линија со министерот за внатрешни работи“, иако, рече, МЖСПП не е дел од Управувачкиот комитет за справување со кризи.

-Но, тоа не значи дека не сме биле уште од првиот момент. Инспекторатот за животна средина, како што кажав во говорот, веднаш пристапил кон местото и акредитираните лаборатотии во Министерството, како и други акредитирани лабориотии, цело време вршат мерења. Тоа што не бев на прес-конференцијата, не сум бил дел од Комитетот, но постојано сме во тек, одговори Меџити.

Во однос на пожарот во Дрисла, рече дека „и таму од првиот момент има контроли“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче бара итни мерки: прегледи за жителите, анализи на воздух и почва, поширока безбедносна зона
Следна Статија Кузеска: Имаме циркузантска влада која прави театар додека горат депонии и фабрики, одговорност мора да има

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите

Министерот за правда, Игор Филков најавува зголемување на старосната граница за пензионирање на судиите. На денешната прес-конференција по повод 100…

October 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Клучот за доверба и стабилност е дигитална, транспарентна и отчетна администрација

Со целосната имплементација на Информациониот систем за управување со човечки ресурси, правиме разлика. Од хаос кон систем. Од пристрасност кон…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ромите не се „малцинство“, туку народ со богата традиција, со музика, со јазик, со историја, традиција, обичаи

Со искрена почит и длабоко чувство на одговорност, денес ви се обраќам по повод 8 Април – Меѓународниот ден на…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во март помалку приговори за „Безбеден град“ во однос на февруари

Mинатиот месец значително се намалил бројот на поднесени приговори што граѓани и фирми ги поднесуваат до Основниот кривичен суд Скопје…

April 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?