Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите
МАКЕДОНИЈА

ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите

Објавено September 15, 2025 19:07
Сподели
Сподели

Нема отстапување во вредностите по однос на радијација во мострите што се земени за анализа од воздух и почва, а не се регистрирани ниту тешки метали во примероците од вода од засегнатото подрачје по пожарот во Трубарево. Резултатите за радијација во водите и тешки метали од почвата се очекуваат во текот на утрешниот ден, информираат од Институтот за јавно здравје.

ИЈЗ, нагласуваат оттаму, е во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и другите надлежни институции од државата.

-Во текот на вчерашниот ден испративме обучен експертски тим од Институтот за вонредна контрола во засегнатото подрачје. Земени се примероци (мостри) од вода, почва и воздух за испитување на радиоактивност, како и примероци од вода, водовод, бунари, почва за физичко хемиска анализа. Во текот на денешниот ден, во ИЈЗ добиени се резултати од воздух и почва, од примероците за испитување на јонизирачко зрачење (радијација) и истите се во нормални референти вредности, без отстапување. Резултатите од мострите од вода за испитување на јонизирачко зрачење, согласно методата по која се испитува ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден, појаснуваат од ИЈЗ.

Според резултатите, во примероците (мостри) од вода по однос на физичко хемиската анализа, нема одстапувања во вредностите по однос на тешки метали. Во земените примероци од вода постои единствено индикатор за зголемена содржина на органски материи во подземната вода кои се од друго потекло.

По однос на примероците земени од почва за присуство на тешки метали, Од ИЈЗ најавуваат дека резултатите согласно методата на испитување ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.

Завчера во Трубарево избувна голем пожар во објект во кој се чувал електронски отпад.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Благодарение на координираноста на институциите пожарот во Трубарево го изгаснавме за 30 часа
Следна Статија Мицкоски: Со нетрпение чекам да ја поднесат резолуцијата за црвените линии со Бугарија, ќе имаме наши позиции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ковачки: ОЈО ГОКК да не е на одмор? Да не мислат дека ќе се заборави на злоупотребите на службите?

ОЈО за ГОКК да не е на одмор? Да не мислат дека злоупотребите на службите ќе поминат туку така? Демек…

October 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Влада: Ги осудуваме неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми во однос на известување за трагичниот настан во Кочани

Владата ја изразува својата најостра и недвосмислена осуда за неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми кои и покрај…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гол маж се шеташе кај Броз, брзо е уапсен

Kај скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ во Центар минувачите и средношколците вчера беа сведоци на несекојдневна сцена – гол маж…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави нова инвестиција во ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Завршена е реконструкцијата на фасадата на Основното училиште „Стив Наумов“ во Битола, со што значително се подобрени условите за учење…

February 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?