Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Jавната администрација нема повеќе да биде партиски плен, туку професионална, ефикасна и ќе работи за граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Jавната администрација нема повеќе да биде партиски плен, туку професионална, ефикасна и ќе работи за граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Jавната администрација нема повеќе да биде партиски плен, туку професионална, ефикасна и ќе работи за граѓаните

Објавено September 18, 2025 11:50
Сподели
Сподели

Нашиот пат кон Европската Унија е повеќе од хармонизација на закони – тоа е создавање институции кои работат по европски стандарди, порача премиерот Христијан Мицкоски на почетокот од денешниот настан, генерички обуки за административни службеници – „Инвестицијата во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“, што се одржува во Скопје.

-Денес сме собрани со исклучително важна цел – да потврдиме дека реформите не се само зборови во програма, туку дела што се гледаат и чувствуваат. Нема модерна држава без модерна администрација. Нема напредна економија без функционален јавен сектор. Нема доверба во институциите без професионални, одговорни и мотивирани службеници. Кога велиме „инвестиција во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“, тоа не е само слоган, тоа е нашата визија и обврска пред граѓаните, рече Мицкоски пред присутните.

Јавната администрација, нагласи премиерот, е темелот на државата.

– Таа сте вие – луѓето кои секојдневно го носат товарот на институциите. Вашата работа е лицето на државата, вашиот став е впечатокот кој граѓаните го добиваат за институциите, додаде премиерот.

Како што рече тој, овој прв циклус на генерички обуки, со 600 учесници од локално и централно ниво, е јасен сигнал дека оваа Влада не се плаши од промени, туку ги носи.

-Обезбедивме врвни меѓународни обучувачи, современи програми и методологии кои не само што го пренесуваат знаењето, туку ја менуваат и културата на работење, рече Мицкоски.

Неодамна, додаде тој, јавната администрација беше „сведена на политички плен“.

-Наместо развој – партизација. Наместо мотивација – страв и реваншизам. Наместо обука – клиентелизам. Претходната влада ја остави администрацијата демотивирана, со нарушена доверба, со луѓе кои се чувствуваа оставени на цедило. Чекавме со години за нормални системи за обука, а резултатите беа стагнација и загубени генерации на службеници кои немаа пристап до современи знаења, посчи Мицкоски.

Кажа дека тоа време завршило.

– Денес јавно кажуваме: јавната администрација нема повеќе да биде партиски плен. Ќе биде професионална, ефикасна и ќе работи за граѓаните, додаде премиерот.

Нагласи дека Естонија ни покажала дека малите земји можат да бидат големи по иновации. Словенија покажала дека администрацијата може да биде мотор на реформите.

– Тоа се приказни кои почнале како што ние почнуваме денес – со луѓе кои решиле да се обучуваат, да се менуваат и да ја менуваат својата земја. Нашиот пат кон Европската Унија е повеќе од хармонизација на закони – тоа е создавање институции кои работат по европски стандарди. Овие обуки се доказ дека не чекаме да ни биде кажано што да правиме. Ние сме генерацијата што ја презема иницијативата и сака да ја донесе Европа дома преку современ јавен сектор, рече премиерот.

Мицкоски упати и апел до министрите и градоначалниците.

-Ве повикувам сите министри, директори и градоначалници: продолжете да ги поддржувате ваквите програми. Осигурете се дека секој вработен во вашите институции ќе има пристап до обука, менторство и можност за професионален развој. Ова не е трошок, ова е најпрофитабилната инвестиција за државата, потенцираше премиерот.

Тој нагласи дека ова е само почеток.

-Верувам дека секој од вас ќе биде амбасадор на промената во својата институција. Ќе ја понесете оваа енергија и ќе ја претворите во резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат, истакна Мицкоски.

Рече дека времето на нашата држава е сега.

-Ние сме генерацијата која мора да ја извлече државата од мракот на партизацијата и да ја однесе во светлината на европската иднина. Ве повикувам – учете, прашувајте, дискутирајте. Бидете храбри да воведувате нови практики. Бидете тие кои ќе ја остават администрацијата поефикасна, почесна и посилна од кога било. Заедно ќе создадеме јавен сектор кој нема да биде само апарат на државата, туку двигател на развојот, партнер на граѓаните и гарант на европската иднина на татковината, подвлече премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓурчески: Не им успеја со „декласификацијата“ на прислушкуваните разговори, па „удрија“ на пожари
Следна Статија Лидија Димова осудена на казна затвор од две години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Доаѓа студен бран со врнежи од снег

Повремен дожд, а на планините слаб снег ќе има утре уште од утрото, особено на север и на исток од…

February 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Европарламетот на 4ти јуни: Резолуција со која се признава посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот меѓународно кодифициран македонски јазик

За прв пат пред европратениците ќе се најде Извештај во кој на неколку наврати се споменува многувековниот посебен македонскот идентитет…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба делницата Градско-Дреново

Премиерот Христијан Мицкоски утре во 11 часот ќе присуствува и свој говор ќе има на пуштање во употреба на делницата…

January 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери,…

September 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?