Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

Објавено September 24, 2025 22:28
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, изразувајќи почит кон неговата улога како глас на разумот и правдата во време на големи глобални предизвици и тектонски промени во меѓународниот поредок.

Според неа, водството на Гутереш отвора простор за спроведување на потребните реформи на светската организација, а одличното партнерство со тимот на ОН во земјава, резултира со значајна поддршка на реформите за владеење на правото, борбата против корупцијата и доброто управување – приоритети кои се клучни за македонската европска интеграција.

Сиљановска-Давкова му се заблагодари на Генералниот секретар на ОН за безрезервната поддршка на македонскиот пат кон ЕУ и за неговата позиција за потребата од забрзување на евроинтегративниот процес.

За претседателката, во интерес на ефективниот мултилатерализам, ОН треба да ја зајакнат својата улога и да бидат главната арена за справување со глобалните предизвици – од војната во Украина и конфликтите на Блискиот Исток, до климатската криза и спроведувањето на Агендата 2030.

Нагласувајќи ја важноста на женското лидерство, таа укажа дека активно се спроведува и Вториот национален акционен план за жени, мир и безбедност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Револуционерниот успех на докторите: „Имаме третман за една од најстрашните болести“
Следна Статија Арбер Адеми: Уставниот суд донесе уште една скандалозна одлука и потврди дека е инструмент на Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски подели новогодишни пакетчиња на дечињата

Денес, заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски и пратеникот, Бојан Стојаноски, посетивме семејства во нашата општина…

December 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

И министерот Филков бара да биде преиспитана одлуката за мазутот

По премиерот и министерот за правда побара да се преиспита одлуката на обвинителството за прекинување на истрагата во случајот со…

May 13, 2026
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Собор на Пресвета Богородица

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес, по празникот…

January 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме реален БДП кој расте

Како Влада веќе шест квартали по ред имаме реален БДП кој расте со 3,5 проценти во просек, истакна премиерот Христијан…

March 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?