Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мисајловски: Зголемуваме инвестиции во одбраната, модернизација на Армијата и јакнење на капацитетите за кризи, ризици и сајбер-безбедност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мисајловски: Зголемуваме инвестиции во одбраната, модернизација на Армијата и јакнење на капацитетите за кризи, ризици и сајбер-безбедност
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Зголемуваме инвестиции во одбраната, модернизација на Армијата и јакнење на капацитетите за кризи, ризици и сајбер-безбедност

Објавено September 29, 2025 14:31
Сподели
Сподели

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска (29 септември) присуствуваше се обрати на состанокот на Работниот комитет за спроведување на Националната развојна стратегија 2024-2044 година, при што истакна дека изградбата на „сигурно, безбедно и отпорно општество во време на глобални предизвици…е од приоритетно значење за нас.“

Мисајловски се осврна на развојот на одбранбениот систем и инвестирањето во одбраната кое овозможува интензивно опремување и модернизација на македонската Армија.

„На последниот самит на НАТО, ние – сите 32 земји членки едногласно ја донесовме одлуката која ќе значи посилна одбраната. Во следниве 10 години, односно до 2035 година инвестициите во одбраната да го достигнат нивото од 3,5% од БДП, и дополнително инвестирање од 1,5% од БДП во активности и проекти поврзани со одбраната како што се инфраструктура, кризен менаџмент, сајбер-безбедност“, рече министерот.

Мисајловски додаде дека веќе „интензивно се работи на проекции на зголемување на буџетот на одбраната“, што значи и поголеми инвестиции во одбранбениот сектор.

Во однос на стратешките документи, министерот информираше дека во процес на донесување е Националната стратегија за безбедност, што, рече, е основа за ажурирање на останатите стратешки документи и тоа Стратегијата за одбрана и плановите за одбранбени способности.

Одбраната не е изолиран сектор, туку е еден поширок систем на општествена отпорност, подвлече министерот, и додаде дека „од особена важност е вклучувањето на сите релевантни фактори во справувањето со денешните закани, како од институциите, така и од академската заедница, приватниот сектор, невладините организации, медиумите, како и континуирано продлабочување на регионалната соработка и соработката во НАТО и ЕУ контекст.“

На работниот состанок присуствуваше и заменикот претседател на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, како и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, претставници на UNDP, професори од државниот универзитет во Аризона, претставници на институции, локалните самоуправи, граѓанскиот и бизнис сектор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Украина во формален банкрот – Западот се плаши од финансиски колапс
Следна Статија Само 42 отсто од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Директор на училиште избркал од работа Наставник по физичко оти мислел дека е од СДСМ и го заменил со наставничка по македонски

Наставник по физичко воспитување кој работел 5 години во едно основно училиште, останал без работа, иако исполнувал услови и имал…

September 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков: До 2028 година Скопје ќе има легална Универзална сала

Склучениот договор од страна на Министерството за култура и Град Скопје за Универзалната сала има контрадикторни одредби, не е заверен…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Македонскиот јазик е нашата татковина, нашата вечност!

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Институтот за македонски јазик, честитајќи го Меѓународниот ден на мајчиниот јазик,…

February 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК ги одби сите 57 приговори поднесени за првиот круг од локалните избори

Државната изборна комисија вчера ги одби сите 57 приговори, поднесени за првиот круг од локалните избори. Триесет и седум од нив…

October 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?