Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Филипче не прецизираше за кој дом се грижат, за хациендите или за јахтите на Халкидики
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Филипче не прецизираше за кој дом се грижат, за хациендите или за јахтите на Халкидики
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Филипче не прецизираше за кој дом се грижат, за хациендите или за јахтите на Халкидики

Објавено October 2, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Нема поголемо задоволство од тоа да се биде меѓу народот, кого не си го разочарал. А јас меѓу вас одам со крената глава, затоа што, заедно со вас, ги водевме и ги водиме сите битки за подобра иднина на нашата татковина. И еве нè повторно пред уште еден предизвик, пред уште едни избори на кои се одлучува за правецот по кој ќе се движиме. И кога се наближува денот, човек има многу избори за кои може да се одлучи, но само еден е вистинскиот. Овој пат тој избор е лесно препознатлив; разликата со нашите противници е очигледна, но многу е важно тој избор да биде силен и одлучен. Затоа што јасната волја нема да значи само одлука за твоето место, за твоето маало, вашиот град; за улиците по кои чекорите, за маалата и местата каде се сите ваши важни животни случки, туку и испраќате порака за тоа во каква Македонија сакате да живеете, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во општина Кавадарци.

Нагласи дека никој од ВМРО-ДПМНЕ нема златна или било каква виза за Дубаи, не возат мотори по јужниот сосед, ниту пак коленичат пред источниот сосед.

„За разлика од нашиот противник, ние немаме златна, ниту било каква виза за Дубаи, не возиме мотори по јужниот сосед, не клечиме пред Софија, затоа што ние резервна татковина немаме. А тие, пак, првиот ден кажаа дека немало да водат негативна кампања, а вториот ден, на телевизија, пуштија негативни спотови – сечени, извадени од контекст реченици – само за да излажат со намера да не се гледа она што од Марс е видливо – дека СДСМ не се менува и дека е во тотална безидејност. Еден мој соработник ми вели: „Претседателе, овие започнаа негативна кампања и црни спотови од првиот ден.“ Јас му велам: „А замисли тоа да не го пуштеа – што ќе кажеа? Ниту програма, ниту идеи, ниту развој ги интересира“, вели Мицкоски и додаде:

„А, од друга страна, еден аналитичар ми вели: „Да не сте им инфилтрирале некој вмровец во кампањата на Венко?“ Му велам: „Зошто така мислиш?“ „Па види, Филипче… Замислете, Филипче почна да зборува за правда во судството, да зборува за патриотизам, црвени линии и сè она што е антипод на нивниот карактер. Откако порано направи предавства на секој чекор. Нивната кампања се состои од злоупотреби на трагични судбини, од гола реторика без докази и аргументи. Дојде до тоа дереџе што главната кампања им е Кочани – и тоа од човекот кој, поради акутна неспособност, десетици илјади страдаа во ковидот; во државен објект – модуларна болница – 15 живи пациенти изгореа. Но, ова не е начинот на кој јас сакам, и јас ќе ја водам кампањата. Човекот се изгуби во поданичката улога дадена од неговиот шеф Заев. Аман, пазете го детево – забега. Тој не се ни труди да се тргне од неговата сенка, напротив – гордо си ја носи. Некогаш големата партија СДСМ ја сведоа во приватно гранче за одбрана на личните интереси. Го слушам пред некој ден Филипче како кажува дека СДСМ се борат за нивниот дом. Ако за домови мислат на хациендите, на јахтите на кои поминуваат недели, на апартманите во Дубаи каде што престојуваат и се веселат со турбо-фолк пејач(к)и, тогаш е јасен нивниот слоган. Се борат за ова – тогаш од нивната борба народот нема аир, туку зијан. Па уште Филипче вика, слоганот им го прифатило членството со екстаза, а веќе следниот ден нивниот кандидат за една од општините го менува – како да се срами од својата партија. Ете, до тоа дереџе дојде државотворната партија СДСМ – нејзините кандидати да се оградуваат, што јавно, што преку менување на изборните пораки, од ставовите на нејзиниот лидер“, рече Мицкоски.

Се обрати и до неопределените и оние кои што се двоумат дали да излезат на гласање.

„Сосема разбирам дека секој од нас има очекувања. Вашите можеби се поголеми од тоа што реално можевме да го исполниме овие година и пол централна власт. Но покажавме вредност, истрајност и посветеност да ги менуваме работите. Затекнавме распаднат систем, трули институции и напластени проблеми. Темелите ги градевме овие месеци, полни со ентузијазам и енергија. Надежта не ја загубивме – заедно ја одржавме. Покажавме и резултати. Не паднавме, иако сакаа да нè видат клекнати; работевме за секој еден од вас. И затоа, сега сте ни потребни – не само нам, туку и на државата – бидејќи вие одлучувате за вашата иднина, и овој е тој момент. Сакам да се обратам до оние кои се колебаат или не планираат да гласаат. Така им правите услуга на оние кои сакаат да живеат на грбот на татковината, кои ја сакаат Македонија поделена и разединета. Така директно се охрабруваат оние кои сакаат власт без борба на концепти и програма, кои сакаат повторно тендери и предавства. Затоа, одлучете мудро – излезете и гласајте. Излезете, затоа што ова не се само локални избори, туку тест на заедничката волја за тоа каква Македонија сакаме.

Мицкоски се обрати и до членовите на СДСМ и кажа дека тој ги почитува чесните и искрени членови, но рече дека таму мора да има реформи и собир на искусни и млади за кој рече дека постојат, но се маргинализирани од мала група кој ја приватизираат партијата

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Резолуцијата со црвени линии е најсилната гаранција за државата, Мицкоски да си ја надмине суетата
Следна Статија ПСЖ покажа зошто е европски првак, со пресврт славеше над Барселона (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Двојни аршини, Кацарска против покачување на пензиите, но за повисока судска плата и привилегии

Добрила Кацарска е на функцијата уставен судија како награда од СДС за добро завршената работа во случајот за 27 април.…

November 23, 2025
ПОЛИТИКА

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 1 година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 1 година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, рече на денешната…

August 31, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ бара разрешување на Михајлов и целосна истрага за „Еразмус+“

СДСМ побара разрешување на в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов, и целосна истрага за наводните…

August 14, 2025
ПОЛИТИКА

Василевска: ДУИ сака да се прикажува како жртва, а во суштина сака да го злоупотреби системот и државата

Македонското општество покрај оние наметнати проблеми со коишто се соочува, економската егзистенција, политичката стабилност, многу други прашања кои се од…

March 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?