Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Механизација на „Дрисла“, оградување на „Вардариште“, нов центар за рециклажа и 15 нови паркови, најави Шукова
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Механизација на „Дрисла“, оградување на „Вардариште“, нов центар за рециклажа и 15 нови паркови, најави Шукова
ПОЛИТИКА

Механизација на „Дрисла“, оградување на „Вардариште“, нов центар за рециклажа и 15 нови паркови, најави Шукова

Објавено October 2, 2025 13:44
Сподели
Сподели

Скопје мора конечно да го расчисти најголемиот срам – загадениот воздух, дивите депонии и недостатокот на зеленило. Ова не е партиска тема, туку здравствено и човечко прашање за секој граѓанин“, изјави Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, претставувајќи го делот од својата програма посветен на екологија и животна средина.

Шукова најави решенија што, како што рече, „ќе почнат веднаш“ – вклучувајќи ги Дрисла, Вардариште, отпадот, парковите, загадувањето и екологизацијата на јавниот простор.

„Ќе го оградиме Вардариште, ќе поставиме 24/7 обезбедување и ќе ставиме крај на дивото фрлање и палење ѓубре. Паралелно, Дрисла ќе добие нова механизација, а процесот на управување со отпадот ќе биде под стручна и јавна контрола. Тоа го должиме на секој скопјанец“, истакна таа.

Како суштинска промена, Шукова го најави отворањето на Центар за селекција и рециклажа, кој ќе овозможи 50% од отпадот да се рециклира наместо да завршува на депонија.

„Ќе поставиме паметни контејнери, ќе промовираме селекција од домаќинствата и ќе ја отвориме економијата на рециклирање. Отпадот е ресурс – само треба некој конечно да се фати со работа, а не само со изговори“, рече таа.

Во планот за здрава и зелена животна средина, Шукова вклучува и проект за урбано зеленило.

„Во првите 15 месеци – 15 нови паркови и 10.000 нови дрвја. Ќе засадиме, ќе одржуваме и ќе го раззелениме секое маало. Зеленото Скопје не е луксуз, тоа е основа за здравје и живот“, порача Шукова.

Најави и субвенции за приклучување на централно греење за домаќинствата кои сè уште се греат на дрва.

„Ние ќе го поддржиме секој граѓанин кој сака да премине на почист начин на греење. Загадувањето нема да го решиме само со апели, туку со конкретна помош и одговорна политика“, додаде таа.

Посебно внимание како што најави, посветено и на уредувањето на реката Вардар и кејот, како нов простор за рекреација и екологија.

„Ќе воведеме еко-патрола 24/7 долж Вардар, ќе уредиме пешачки и велосипедски патеки, нови зелени површини и ќе го направиме кејот гордост на Скопје. Тоа треба да биде место за дружење, не за отпад“, рече Шукова.

Таа го најави и проектот за зелени покриви на јавни згради.

„Во првата година – 10 зелени кровови кои ќе ја намалат урбаната топлина, ќе ја подобрат климата и ќе понудат нов јавен простор. Овие мали, но важни потези го прават градот попријатен и похуман“, порача кандидатката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Целта ни е да станеме центар на дигитални иновации во регионот, земја што ќе привлекува инвеститори и ќе задржува таленти
Следна Статија Лекари од кај нас ќе одат на краток престој за обуки и во Италија и во Австрија, за Словенија веќе се дефинира соработката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Заседава Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува Мицкоски да објави нови кандидати за градоначалници

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во седиштето на партијата во Скопје почна седница на која се очекува да бидат утврдени нови…

July 6, 2025
ПОЛИТИКА

Никола Мемов од ЗНАМ е новиот директор на ПИОМ

На денашната владина седница, портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов е именуван за нов директор на Фондот за пензиско и инвалидско…

September 24, 2024
ПОЛИТИКА

Филков до Тренчевска: Законите ги подготвуваме низ јавен и транспарентен процес

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Јована Тренчевска од СДСМ за Извештајот на Европската комисија за…

November 18, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова 7 години беше одговорна за животната средина и не направи ништо

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, повторно излегува со празни ветувања. „СДС, Заев…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?