Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Разрешен судијата Енвер Беџети, кој со Артан Груби заврши на „црната листа“ на САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Разрешен судијата Енвер Беџети, кој со Артан Груби заврши на „црната листа“ на САД
МАКЕДОНИЈА

Разрешен судијата Енвер Беџети, кој со Артан Груби заврши на „црната листа“ на САД

Објавено October 3, 2025 08:48
Сподели
Сподели

Судски совет го разреши Енвер Беџети, судијата кој чуваше предмети на Сашо Мијалков во фиока за да застарат. Тој повеќе нема да биде судија во Апелациониот суд.

Беџети заедно со Артан Груби се најдоа на црната листа на САД поради забошотување на предметите во кои беше обвинет Сашо Мијалков. Ова стои во решението за негово разрешување кое го донел Судскиот совет.

– Е.Б. се разрешува од вршење на судиската функција, поради сторена потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција, поради потешка повреда на јавниот ред и мир и други посериозни форми на недолично однесување со кое се нарушува угледот на судот… стои во решението на РСС.

Стејд Департментот го стави судијата Беџети на црната листа со забрана за влез во САД. Бидејќи имале докази дека е вмешан во значителна корупција преку примање на мито од страна на обвинетиот Мијалков. По објавување на имињата на Беџети и Груби од страна на амбасадата на САД во земјава и Јавното обвинителство отвори предистрага за митото кое ги застаре предметите на поранешниот директор на УБК.

-Ставањето на судија на црна листа за наводно вмешување во значителна корупција апсолутно го нарушува угледот на судијата, но и на судот. Кога е вака нарушен угледот веќе тој судија не може да правораздава бидејќи не постои веќе ниво на доверба, туку довербата е целосно загубена, се наведува во решението на РСС.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Црвена звезда падна во 89-та минута на „Драгао“, Динамо го победи Макаби во Бачка Топола
Следна Статија Димитриевски: Резолуцијата на Филипче можеби и буквално е пишувана во Софија, нека повели на ТВ дуел да ги соочиме аргументите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонските граѓани се разочарани од ЕУ, но останува наша стратешка цел

Постојат големи фрустрации и разочарувања кај македонските граѓани од Европската Унија, но тоа останува наша стратешка цел бидејќи подобро во…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Со враќањето на Пчињското евангелие во Охрид сведочиме на победа на трудот, знаењето и љубовта кон културното наследство на својата земја

По повод враќањето на вредното Пчињското изборно евангелие од 16 век во депото на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“во Охрид…

October 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Казнена струмичка кланица: Испуштала крв во река

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), утрово спроведоа вонреден инспекциски надзор по вчера вечер објавената информација на…

April 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Фетаи го тужи за клевета членот на ДУИ, Ќамил Ковачи

Правниот застапник на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи денеска во Јавното обвинителство во Скопје поднесе тужба…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?