Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вардан Тозија: Скопје умира во тивок сообраќаен хаос
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Вардан Тозија: Скопје умира во тивок сообраќаен хаос
МАКЕДОНИЈА

Вардан Тозија: Скопје умира во тивок сообраќаен хаос

Објавено October 4, 2025 10:06
Сподели
Сподели

Режисерот Вардан Тозија остро реагира на урбанистичките политики во Скопје и предупредува дека градот се гуши во тивка смрт, предизвикана од неконтролираното градење.

„Сметал сообраќајниот метеж. Стрпете се, ова е само почеток. Низ Центар, клучната транзитна точка на Скопје, стотици нови гипс-картонски диво-згради се креваат насекаде. Десетици илјади грла ќе се истоварат во тие бедни кутии. Повеќето без обезбедени паркинг места, секако,“ вели Тозија.

Тој нагласува дека новите згради значат дополнителен сообраќаен колапс кој секој жител ќе го почувствува во секојдневието.

„Сите, не само Центарци, ќе трошат барем половина час повеќе во смогот за да си дојдат во својот дом. Ако некого го интересира, тоа се отприлика дополнителни 120 дена поминати во автомобил или градски превоз во тек на само 20 години. На 600 илјади жители, тоа се 72 милиони денови украдени од вашите деца, родители, брачни партнери, болни, стари, пријатели,“ посочува тој.

„Ете така се убива еден град, засекогаш. Оваа тивка смрт ни ја подари еден потпросечен гад, неговиот грст центарски советници и дузина усмрдени инвеститори. Големите партии не смеат да писнат, мора сите да го поддржат овој месија на црниот капитал. Убиството има различни лица, треба само малку да се подразмисли,“ заклучува Тозија.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цените на становите поскапеа за над 25 отсто во третиот квартал
Следна Статија Раперот Шон „Диди“ Комбс осуден на четири години и два месеци затвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Лекарите од „Козле“ од премиерот и министерот бараат разрешување на директорката

Револтот на лекарите и вработените во Детската болница „Козле“ не завршува. Поплаките почнаа кога беше избрана новата директорка, Каролина Симоновска, …

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Имало пријави за судијата Ристов во Судски совет, но Камбовски не се сеќава да бил пријавен за мито

Пријави и претставки за постапувањето на судијата Ѓоко Ристов биле поднесувани во Судскиот совет, но судијата кој заврши во куќен…

January 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

На гробиштата во Бутел ќе се одржи погребот на Владимир Блажев – Панчо, членот на групата ДНК

На гробиштата во Бутел денеска  ќе биде погребан Владимир Блажев – Панчо, член на музичката група ДНК, кој почина по…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Нашите деца нема да учат со насилник“: Целосен бојкот на наставата во ООУ „11 Октомври“

Нема место за насилник таму каде што учат нашите деца!“. „Нашите деца нема да учат со насилник“! „Со безбедноста на…

December 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?