Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: „Дрисла“ ќе ја претвориме во европски центар за третман на отпад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ѓорѓиевски: „Дрисла“ ќе ја претвориме во европски центар за третман на отпад
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: „Дрисла“ ќе ја претвориме во европски центар за третман на отпад

Објавено October 5, 2025 10:01
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера учествуваше на панел-дискусија посветена на решенијата за депонијата „Дрисла“ и управувањето со отпадот во главниот град.

Ѓорѓиевски истакна дека на „лошото управување со отпад му доаѓа крај“, најавувајќи јасен и одржлив план за целосна трансформација на депонијата.

„Ќе ја претвориме ‘Дрисла’ во европски центар за третман на отпад, целосно усогласен со европските директиви. Скопје заслужува современ систем за селекција, рециклирање и енергетско искористување со фокус на заштита на животната средина и подобар квалитет на живот,“ изјави Ѓорѓиевски.

Во неговата програма се предвидени неколку крупни проекти кои, како што рече, ќе ја променат сликата за управувањето со отпад во Скопје:

Систем за одвоено собирање отпад, кој ќе овозможи подобар квалитет на рециклирани материјали и пониски оперативни трошоци; Постројка за дробење на градежен отпад, со што ќе се создаваат секундарни суровини што повторно ќе се користат во градежништвото; Систем за депониски гас за производство на електрична и топлинска енергија и намалување на климатското влијание; Третман на специјален отпад – електронски, медицински и индустриски, согласно највисоките европски стандарди; Прочистителна станица за отпадни води, со дигитализирано следење и автоматизирана контрола.

Како иновативни решенија, Ѓорѓиевски најави воведување на картомати за рециклажа, каде граѓаните ќе можат да добијат гратис карти за културни настани, и 24/7 дигитален надзор за автоматизирано управување со депонијата.

„Нашата цел е јасна – чист, зелен и модерен град по европски стандарди. Време е Скопје да стане пример, не за депонии, туку за европски решенија,“ порача Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Групна тепачка на бензинска во Карпош: Уапсен 23-годишен скопјанец
Следна Статија Радев се заблагодари на Сиљановска-Давкова: Македонија е подготвена да даде поддршка во справувањето со последиците од поплавите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Дали сега Мицкоски е криминалец што склучи договор со ИРД?

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Свети Николе, ја коментираше последната информација дека Владата…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

Со молкот стануваш соучесник, вели Шилегов

Поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов повторно се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук. 1.000 зошто, едно затоа: За да нема нејаснотии,…

October 25, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: ДУИ сака да ја дефокусира јавноста, да го заштити криминално стекнатиот капитал

Владата нема да дозволи дефокусирање на јавноста од страна на Демократската унија за интеграција (ДУИ), која сака да го заштити…

December 13, 2024
ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, денеска ќе има средба со претседателката Пирц Мусар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана ќе биде пречекана со највисоки државни…

May 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?