Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВРЕДИ: „Скенерот“ што го бара Али Ахмети се вика Артан нон грата Груби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВРЕДИ: „Скенерот“ што го бара Али Ахмети се вика Артан нон грата Груби
ПОЛИТИКА

ВРЕДИ: „Скенерот“ што го бара Али Ахмети се вика Артан нон грата Груби

Објавено October 5, 2025 10:15
Сподели
Сподели

Селотејп коалицијата Таравари, Села и Ахмети е во паника. Тие знаат дека Албанците им го вртат грбот, па затоа го избраа единствениот пат што го знаат, измама, велат од ВРЕДИ.

– Тие кажуваат работи во кои самите не веруваат, бидејќи се политичари кои се толку истрошени, исцрпени и безнадежни што дури и луѓето најблиски до нив ги гледаат како товар.

Секој пат кога Албанците ќе помислат дека Али Ахмети научил од лекцијата што им ја даде САД ставајќи го Артан Груби, на црните листи за корупција и крадење, тој повторно смислува „нова идеја“ и бара „скенер за политичари“, додека неговиот „скенер“ е самиот Артан, кој е нон грата!

Но, ако направиме „скенер на моралот“ на оваа коалиција со селотејп, резултатите се шокантни:

Таравари за Али: „ментално болен“, „подобро со ѓаволот отколку со ДУИ“.

Зијадин Села за Али: „криминалец“, „на 27 април се обиде да ме убие“.

Али Ахмети за нив: “Ништожници“.

Ова е „заветот“ што сакаат да им го продадат на Албанците, сојуз од навреди, омраза и лични интереси. Коалиција што се држи заедно не по принципи, туку со селотејп.

И ако беа „скенирани“ за крадци, Али Ахмети и неговото семејство би влегле во Гинисовата книга на рекорди како рекордери за грабеж и богатење на грбот на Албанците, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Бразилскиот тинејџер Естевао му пресуди на Ливерпул во 96.минута
Следна Статија (Видео) Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски ги предупреди функционерите: Не заборавајте од каде доаѓате, удобните фотељи ќе ги замените со клупа пред кооперација

Во својот говор на 35-иот роденден на ВМРО-ДПМНЕ премиерот Христијан Мицкоски упати порака до сите државни и локални функционери во…

June 18, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува политичка криза во пресрет на локалните избори, но очекува, како што изјави денеска, заканите од…

March 12, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓоргиевски за сообраќајниот хаос во Скопје: Имам јасна визија и план како чекор по чекор да се најде излез од оваа катастрофална состојба

Сообраќајниот хаос е проблем кој скопјани секојдневно го чувствуваат, од долгите колони и изгубеното време, до недостигот на паркинг и…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче најави санкции во партијата: дел од советниците за лични интереси соработувале со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави внатрепартиски промени во начинот на избор на кандидати за градоначалници и за советници на…

May 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?