Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи
ПОЛИТИКА

Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи

Објавено October 7, 2025 18:45
Сподели
Сподели

Секои избори се можност да испратиме и политичка порака во која вие граѓаните ќе знаете што можеме да очекуваме во годините кои следат, како Владата планира да работи, но истовремено и нашиот политички противник треба да слушне порака за да извлече поука за грешките што ги правеа во минатото,затоа што тие грешки што ги правеа ги доведоа во оваа положба во која се денес, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Маврово Ростуше.

Тој порача дека оваа општина ќе ја има неговата лична, но и владината поддршка за реализирање на проектите и ја побара довербата за кандидатот за градоначалник Онер Јакуповски од владејачката коалиција и за мнозинство во советот.

На овие избори имаме две опции. Секој кој мисли дека има трета опција се лаже. Едната опција е една коалиција која во дел од општините делува формално, во некои е полуилегална или неформална, а во други делува стихијно. Но во суштина се заедно и нив ги поврзаа две работи на овие избори – желбата за власт и големата омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се двете работи кои ја собраа коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, да ни бидат противници. Втората опција е коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски.

СДСМ настапува со слоганот „Да се бореле за домот“. Тие имаа 7 години можност да се борат за својот дом наречен напата татковина Македонија. Анализирајте што направија, буквално ќе видите дека освен жесток грабеж, предавство и понижување на македонскиот народ и Македонија како држава, ништо не испорачаа и ништо не направија. И затоа сега се прашуваме на кој дом мислат. Дали мислат на вилата на Халкидики, хациендата во Дубаи или мислат на скапите глисери на кои ги видовме како уживаат во раскошен елемент, рече тој.

Мицкоски оцени дека секоја порака од СДСМ е исполнета со лага, невистина, црна кампања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба
Следна Статија Ѓоковиќ до Мунар: Извини што чекаш, морав да ја избришам повраќаницата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Николоски: Пецаков ќе има историски најголема победа во Охрид, реализираше бројни проекти и покрај тоа што три години имаше опструкции

,Во Охрид ќе имаме историски најголема победа на 19. октомври, Кирил Пецаков реализираше бројни проекти и е првиот градоначалник на…

October 13, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче до ТВ Алфа: Ве фаќа паника, газдата ви изгуби власт во Унгарија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска влезе во директен судир со некои медиуми поради нивната уредувачка политика и сопственичка структура…

April 14, 2026
ПОЛИТИКА

„Влен“: Законот за „Безбеден град“ не казнува ситни пропусти, туку ја зголемува безбедноста

Коалицијата „Влен“ соопшти дека Законот за „Безбеден град“ претставува еден од најзначајните законски решенија донесени во државата, бидејќи во својата…

January 27, 2026
ПОЛИТИКА

Илиевски: Има ли „Алказар Енерџи“одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

Владата на ВМРO-ДПМНЕ прави класична распродажба на националните ресурси од македонската енергетика, кажа денеска на прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на…

August 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?