Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Треба половина милијарда евра да се потрошат за пруга која нема продолжување кај источниот сосед
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Треба половина милијарда евра да се потрошат за пруга која нема продолжување кај источниот сосед
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Треба половина милијарда евра да се потрошат за пруга која нема продолжување кај источниот сосед

Објавено October 17, 2024 23:30
Сподели
Сподели

Нема да градиме се додека Бугарите не си го завршат, својот тунел, односно својата половина од тунелот и тие километри коишто недостасуваат од тунелот до приклучокот со националната железница на Бугарија, вака претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител телевизија одговори на прашањето зошто ставот на Владата е сега да не се гради тунелот кој треба да поврзува со Бугарија.

Мицкоски додаде дека додека не се завршат обврските од другата страна на границата залудно е да се трошат половина милијарда евра за нешто што нема да биде функционално.

„ Моментално буџетот за реализација на тој проект е 550 милиони евра од коишто 350 милиони се кредит, а 200 милиони се грант. 350 милиони ние ќе ги враќаме. Со тоа што изведувачот има право на пенали и клејмови. Моето скромно инженерско искуство вели дека најмалку уште 200 милиони ќе бидат потребни. Така што од тие 350 ќе дојдеме до половина милијарда пари коишто ние ќе треба да ги платиме. И да 200 милиони евра коишто се грант и коишто ќе ги платат европските даночни обврзници. Да, и тоа е точно, но 500 милиони ние“, потенцираше Мицкоски.

На прашање зошто мисли дека Бугарија не би го градела тунелот, Мицкоски одговори дека, таков сличен пример е и граничниот премин клепало кој кај нас е готов а во Бугарија нема истурено ниту кубик песок.

„Поради тоа што граничниот премин „Клепало“ до ден-денеска нема еден кубик песок истурено, а кај нас е готов. Искуството вели дека ние си ја завршуваме домашната задача, ама од другава страна некако слабо иде завршувањето“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Ние мислиме дека се додека не биде комплетен овој проект би било залудно трошењето на народните пари“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Димитриевски: Дипломатските напори треба да продолжат во насока на одблокирање на евроинтеграцијата
Следна Статија (ВИДЕО) Снимена е неверојатна појава на врвот на Кепсовата пирамида – никој нема објаснување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нови цени на горивата

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар по…

February 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Аџет“ почна со сезонски летови од скопскиот аеродром до Анкара, Чукурова и до Дијарбакир во Турција

Меѓународниот аеродром „Скопје“ од 1 јуни се поврза со уште три града во Турција. Авиокомпанијата „Аџет“ изминатиов викенд почна да…

June 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонски винарии го најавија Денот на станушината

„Македонски семејни винарии" го најавија Денот на станушината, информирајќи дека станува збор за најголемиот вински настан на ова здружение, на…

May 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

По неколкумесечна борба, Сојузот на стопански комори доби нов претседател

Сојузот на стопански комори на Македонија од денеска има ново раководство. Централниот регистар го заведе Горан Ѓорѓиевски како нов претседател…

September 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?