Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче до Димитриевски: Со предавници на социјадемократската идеја не дебатирам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче до Димитриевски: Со предавници на социјадемократската идеја не дебатирам
ПОЛИТИКА

Филипче до Димитриевски: Со предавници на социјадемократската идеја не дебатирам

Објавено October 9, 2025 08:18
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината „Се бориме за нашиот дом“ од Прилеп, му одговори на Максим Димитриевски.

„Слушам Максим Димитриевски, пиунот на Мицкоски, барал дуел со мене. Јас со предавници на социјалдемократската идеја и подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ не дебатирам“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ подвлече дека „секој кој решил да ги предаде идеалите за функција не опстанал“, додавајќи дека граѓаните во Куманово веќе ги препознаваат измамите.

„Дали Максим се плаши дека е пуштен низ вода откако еднократно го искористија, тоа ли е стравот? Или пак стравот е затоа што е разоткриен од граѓаните кои ги излажа на претходните избори? И треба да му биде страв затоа што секој кој решил да ги предаде идеалите за функција не опстанал. Сфати Максим дека луѓето полека се враќаат во СДСМ и бегаат од него па лаже дека некој им прави притисок. Сфатија сите дека човекот кој ветуваше правда и вистинска социјалдемократска политика лажел. Се сместија тој и неколкумина околу него удобно во Влада и заборавија на ветувањата. Шуруваат со ДУИ, прават криминал во Куманово, а ветувањата за правда испарија. Затоа граѓаните ќе ги казнат на овие избори“, рече Филипче.

Тој посочи дека Димитриевски „после сите афери и сомнежи за станови, за парцели, ќе треба да се спреми за дуел со правдата, обвинителството и судството.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пелистер загуби со двоцифрена разлика на гостувањето во Полска
Следна Статија Мицкоски: Има над 80 кривични пријави во фиоките на обвинителството, а за кои клучот е некаде на Бихаќка, СДСМ нема да се толку гласни кога ќе се соочат со законот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Тренчевска до Филков: Вашиот магистерски труд ви беше поважен од реформите во правосудството

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за правда, Игор Филков, да…

November 18, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети бара избор на Влада со двојно мнозинство и целосен ветинг со меѓународен надзор

Избор на Влада со двојно мнозинство и примена на Бадентеровиот принцип при одлучувањето во Уставниот суд. Ова се клучните политички…

December 20, 2025
ПОЛИТИКА

За денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари, тема функционирањето на Алијанса за Албанците во Владата

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата…

May 5, 2025
ПОЛИТИКА

Заврши состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија, нема конкретни договори

Предлог-препораките за македонските учебници за VII одделение, како и за евентуални заеднички чествувања биле тема на разговор на 36. средба…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?