Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Менаџерскиот тим на М-НАВ: Македонското небо не смее да се ”затвори”
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Менаџерскиот тим на М-НАВ: Македонското небо не смее да се ”затвори”
ЕКОНОМИЈА

Менаџерскиот тим на М-НАВ: Македонското небо не смее да се ”затвори”

Објавено October 9, 2025 16:28
Сподели
Сподели

Менаџерскиот тим на М-НАВ реагира до јавноста околу најавите за штрајк и „затворањето на небото“ на 20 и 24 октомври.

М-НАВ како институција е дел од критичната инфраструктура која директно ги штити животите и безбедноста на патниците, екипажот и воздушниот сообраќај што пристига, полетува и прелетува над Република Македонија. Работата на контролата на летање не смее и не може да запре под никакви околности поради ризикот по безбедноста на сите граѓани, стои во соопштението.

Во продолжение реакцијата

Менаџерскиот тим го признава правото на синдикалните организации да организираат штрајк како интегрален дел од борбата за подобрување на работничките права на вработените. Сепак, секој штрајк во институција која обезбедува безбедносни услуги мора да биде организиран така што работно ќе бидат ангажирани доволен број на контролори на летање (и секако останатите вработени на други работни места) за да се одржи безбедното управување со воздушниот сообраќај. Ниту една активност на синдикатите или било кои други субјекти не смее да доведе до загрозување на животите или инфраструктурата.

Во исто време, М-НАВ остро се спротивставува на сензационалистичките и неточни најави кои се шират од страна на дел од раководството на струковиот синдикат. Повторуваме дека ширењето на дезинформации и панични наслови е неодговорно и може да создаде неоправдан страв кај јавноста и нестабилност во работењето на службите за авијација.

Менаџментот на М-НАВ останува отворен за конструктивен социјален дијалог со синдикалните претставници и е подготвен да разгледа реални и објективни барања за кадровските и организационите прашања. Сите барања треба да се адресираат преку официјалните процедури со цел да се најде решение кое нема да ја загрози безбедноста на летовите.

Ги повикуваме сите засегнати страни, медиумите и јавноста да се воздржат од ширење на непотврдени информации и да ги посочуваат фактите. М-НАВ ќе ги преземе сите неопходни мерки за непречено и безбедно функционирање на воздушниот сообраќај и нема да дозволи никакви активности кои можат да ги загрозат патниците или функционирањето на воздушниот сообраќај.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ламбе Алабакоски се враќа на скопската сцена со голем концерт во „ Јавна соба“
Следна Статија Поднесена кривична пријава против две лица за криумчарење мобилни телефони „Ајфон“, случајот откриен на Ново Село

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Заврши есенската потрошувачка кошница, дали цените ќе се вивнат нагоре?

Заврши мерката замрзнати маржи во „есенската потрошувачка кошничка“. Со владината одлука намалени беа цените на 73 основни прехранбени производи. Од…

November 1, 2024
ЕКОНОМИЈА

Географските ознаки за вино се единствен пат за развој на винарство и лозарство во Македонија

Воспоставувањето систем за географски ознаки за вино е клучен чекор во дефинирањето и унапредувањето на стандардите во производството и заштитата…

July 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бишев: Клучно е економското почитување на фискалните правила

Се наоѓаме во исклучително клучна точка кога треба да се оцениме дали се движиме во насоката што е усвоена со…

July 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8

Македонија и Бугарија ги дефинираат активностите и меѓусебните обврски за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 со Договорот…

November 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?