Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: СДС ќе доживеат дебакл на локалните избори, наместо програма и проекти нудат демагогија, навреди и црна кампања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: СДС ќе доживеат дебакл на локалните избори, наместо програма и проекти нудат демагогија, навреди и црна кампања
ПОЛИТИКА

Мицкоски: СДС ќе доживеат дебакл на локалните избори, наместо програма и проекти нудат демагогија, навреди и црна кампања

Објавено October 11, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на вчерашниот народен митинг одржан во Гевгелија, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“.

Мицкоски кажа дека овие локални избори за противниците значат спас за нивните политички кариери и спас на нивните бизниси, но сепак ќе доживеат огромен дебакл.

-Јасно е дека ова не се само локални избори, туку од вашиот глас зависи и тоа како ќе се развива државата и во кој правец ќе се движи. За нашите противници ова се избори каде тие сакаат да си ги спасат политичките кариери, но зад тоа стои намерата на човекот кој си ја приватизираше партијата и си управува час од Дубаи, час од Струмица, да си ги штити бизнисите и слободата. А за да се случи тоа, си најми изведувач, и клучот за ова нивно сценарио се состои во контролираното судство и обвинителство, чии резултати ги видовме вчера. За сомнеж за криминал од 100 милиони во РЕК, за Марковски одлучуваат куќен притвор. И затоа СДСМ и ДУИ не гласа за смена на Љупчо Коцевски, затоа што тоа е последниот бастион на длабоката држава со која ќе расчистиме после овие избори, нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека противниците се нервозни бидејќи повторно ќе доживеат дебакл на локалните избори, бидејќи немаат програма и проекти, а единствено што нудат се демагогија и навреди.

-Токму за ова судство и обвинителство Филипче вчера кажа дека е професионално, иако досега видовме сè, само не професионализам. И знаат дека ова е последниот нивен крик и затоа се нервозни. На овие избори одат со гола демагогија и грст навреди и квалификации, наместо со програма и со проекти. И кажуваат дека се борат за нивниот дом, а нивниот дом не се вашите домови, туку се борат за заштита и спас на нивните украдени пари. И за да го направат тоа, знајте дека нема црвена линија која нема да ја распродадат и нема отстапка која нема да ја направат само за да стигнат до фотелја. Кога Филипче говори за црвени линии, тој говори за нов поклон и топка нафрлена кон Бугарија и ново газење на нашите македонски црвени линии. Тие добро знаат дека најголемата пречка за нивното лудило и отстапки сум јас, и оваа Влада во којашто се моите колеги, и затоа се фрустрирани и нервозни и затоа нивните апологети, како баби пред чешма, повикуваат на моја ликвидација, а тие од штабот на СДСМ не најдоа ни сила да се оградат од таквите нивни повици, што јасно ги покажува нивните мотиви. Но, од друга страна, барем народот гледа дека повиците за убиство, поклоните кон Бугарија и тезата дека судството со 2 проценти доверба се професионалци е понудата на оваа партија на овие избори е катаклизмична и затоа уверен сум дека на 19 октомври ги чека уште еден нов историски нов дебакл, кажа Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните на 19 октомври да гласаат за број 9 за подобра иднина.

„Нашата борба не е само за една општина, не е само за еден град. Нашата борба е за секое семејство, за секое дете што сака подобро училиште, за секој млад човек што сака работа и останува тука, дома, во Македонија. Нашата борба е за достоинството на секој еден граѓанин. И затоа, оваа вечер ви велам изборот е наш, и тој избор ќе ја одреди иднината. Не се плашете од предизвиците, не се двоумете пред лагите, затоа што нашата сила е во тоа што сме исправени, чесни и што знаеме за што се бориме. Ајде заедно да ја напишеме новата приказна на нашата татковина! Ајде да изградиме иднина за која ќе бидеме горди! Ајде да покажеме дека кога сме обединети, никој не може да нè запре,“ истакна Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кузмановски се извини по скандалот со „белото“: Разрешениот директор вели дека тоа бил момент на слабост и дека длабоко се кае
Следна Статија Филипче: Мицкоски од уста не ме вади

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ангелов: Посегнувањето по темата за бранителите во овој момент, ќе биде во корист на криминогените структури во ДУИ

Во „Вести Плус на Канал 5 гостуваше Стојанче Ангелов, директор на ДЗС , а воедно и претеседател на политичката партија…

August 30, 2025
ПОЛИТИКА

Касами го пречека амбасадорот на ЕУ без македонско знаме и со фотографија од основачот на УЧК

Лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово Билал Касами во својот партиски кабинет го прими абасадорот на ЕУ Михалис Рокас. Од фотографиите кои…

November 7, 2024
ПОЛИТИКА

Герасимовски: Обезбедуваме бесплатни дополнителни часови за учениците во Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, денеска ја претстави новата мерка за менторско учење…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен

Грантот од Еразмус + на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен, обелодени на…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?