Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата му одговара на Филипче: Буџетот е стабилен и ликвиден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Владата му одговара на Филипче: Буџетот е стабилен и ликвиден
ПОЛИТИКА

Владата му одговара на Филипче: Буџетот е стабилен и ликвиден

Објавено October 15, 2025 17:27
Сподели
Сподели

Владата го прекори лидерот на опозицијата, Венко Филипче, дека не се разбирал во економијата откако тој денеска на прес-конференција изјави дека буџетската дупка до крајот на годината ќе биде 1,4 милијарди евра. Буџетот е стабилен и ликвиден. Сите обврски кон граѓаните, компаниите и институциите се сервисираат редовно и навремено, велат од Владата.

„Од Филипче не очекуваме да знае и да биде економист, но одговорноста налага барем да се консултира со некого што разбира бројки. Очигледно, советниците на Филипче не му ја завршиле домашната задача. Наместо да информираат, тие се обидуваат политички да го излизгаат со неточни податоци за економијата. Владата нема намера да учествува во евтини политички препукувања, но должноста е наша да ги изнесеме фактите“, посочуваат од Владата.

Оттаму велат дека дефицитот е под контрола, јавниот долг е стабилизиран, а задолжувањата се во рамките на законските лимити и насочени кон развој, а не кон популизам. „Проектираниот буџетски дефицит за 2025 година изнесува 41,4 милијарди денари, што е 3,3 милијарди денари пониско од 2024 година. Реализацијата досега изнесува 36,4 милијарди денари, што е во рамки на планот“, вели Владата.

Јавниот долг заклучно со јули, посочуваат, изнесува 58,7 проценти, а се очекува до крајот на 2025 година да биде понизок од проектираниот 62,1 процент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд
Следна Статија Мицкоски: Апатичноста е најголем сојузник на оние кои немаат добри намери кон државата, не им помагајте со седење дома

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Победа на ВМРО ДПМНЕ во Прилеп, слави Дејан Проданоски

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, најави голема двојна победа на партијата и коалицијата уште во…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Лоши економски политики на власта, платите стагнираат а странските инвестиции паднаа од 500 на 220 милиони евра

Власта има лоши економски политики, ниту пак води грижа за работниците во било кој сектор и воопшто нема најава за…

September 1, 2025
ПОЛИТИКА

Се скараа Богдановиќ и СДСМ: Саша обвини за србофобија, од Бихаќка му вратија дека ја предал партијата

Екс градоначалникот на Центар од редовите на СДСМ, Саша Богдановиќ јавно преку објава на социјалните мрежи реагираше на последните комуникации…

December 25, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

СДС останаа последното упориште на Артан Груби, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски. Само СДС не се отргна од…

January 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?