Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Расте бројот на заболени од сезонски грип
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Расте бројот на заболени од сезонски грип
ЗДРАВЈЕ

Расте бројот на заболени од сезонски грип

Објавено October 30, 2025 11:13
Сподели
Сподели

Во текот на 43. недела од 2025 година – од 20 до 26 октомври, во земјава се евидентирани 56 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, што претставува намалување од 32,5 отсто во споредба со минатата недела, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

-За споредба, во 43. недела од минатата сезона, регистрирани беа 42 заболени лица – зголемување од 33,3 проценти, додека во однос на моделот за последните 15 сезони, се регистрира намалување од 10,5 отсто, појаснија од ИЈЗ.

Заболените лица оваа недела биле регистрирани во Гостивар – 20, Куманово – 15, Прилеп – 7, Тетово и Радовиш – по 5, Струмица и Македонски Брод – по 2, според податоците на ИЈЗ.

-Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 48 лица, лица над 65 години – 5, од 5-14 години – 2 лица и од 0-4 години – едно лице. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=22,03/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, потенцираа од ИЈЗ.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 244, според податоците на ИЈЗ. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи бил зголемен за 64,9 проценти, а во однос на моделот од последните 15 сезони се регистрирало зголемување од 21,9 отсто.

Од ИЈЗ потсетија дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи – согласно препораките на СЗО: постарите лица – над 65 години, деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени, здравствени работници.

-Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, а заклучно со затворањето на овој извештај, вакцинирани се вкупно 31.289 лица од ризичните категории на населението со бесплатни вакцини, додадоа од ИЈЗ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонски информатичари освоија сребрен и бронзен медал на Јуниорската балканска олимпијада по информатика во Кипар
Следна Статија Аеродромот во Скопје со најголем раст на патници во зимската сезона

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Ќе се набавува инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, информираат од Владата

Владата на денешната 73 редовна седница ја усвои информација за давање согласност за финансиски средства за набавка на инсулин, глукагон,…

May 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Зошто некои забрзано стареат?

Ново истражување на австралискиот Универзитет „Едит Кауан“ посочува научно објаснување дека стареењето не секогаш е постепен процес и во одредени…

November 26, 2024
ЗДРАВЈЕ

Пикот на грипот доаѓа на крајот од следната недела

Пикот на грипот се очекува кон крајот на следната недела алармираат докторите. Болничките кревети на Инфективна клиника се полни, речиси…

February 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Годинава се регистрирани 38 заболени од ХИВ/СИДА, а осум починати

Годинава во Македонија се регистрирани 38 нови лица со ХИВ/СИДА, што претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители, се вели…

November 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?