Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ќе се истражи злоупотребата на пари од ИПАРД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Ќе се истражи злоупотребата на пари од ИПАРД
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Ќе се истражи злоупотребата на пари од ИПАРД

Објавено November 11, 2025 11:03
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска негираше дека средствата од ИПАРД се блокирани по апсењата за корупција во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој потенцирајќи дека истрагата се продлабочува бидејќи има информации и за претходни злоупотреби на средства.

– Не. Напротив. Поздравена е позитивната акција од страна на луѓето од Европската комисија, изјави премиерот Мицкоски, кој утрово беше во посета на фабриката Костал во Охрид.

Премиерот Мицкоски рече дека побарал да се блокира исплатата на парите од ИПАРД, за да се види до каде оделе злоупотребите.

– Мораме да видиме до каде одат злоупотребите. Затоа што првичните информации говорат дека тоа не е од сега туку години наназад тоа е правено, така што се ќе истражиме и секој кој што мисли дека така ќе помине се лаже. Има да одговараат сите од прв до последен. Кој сака нека биде, рече Мицкоски.

Министерството за финансии вчера соопшти дека преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија, Македонија донела одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата. Како што беше појаснето, ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

– За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на Националните структури. Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и корупција, соопшти Министерството за финансии.

Националните структури за управување на средства од ИПА/ИПАРД инструментот веќе превземаат дополнителни мерки и активности поврзани со актуелните случувања.

Р Македонија од Европската комисија уште од 2009 година го има добиено од правото за децентрализирано управување со средствата од ИПА/ИПАРД инструментот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ ќе формира нова разузнавачка агенција под водство на Урсула фон дер Лајен
Следна Статија Коцевски: Предметот за пожарот во „Пулс“ ќе го застапуваат 15 обвинители

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Зошто цената на среброто постигна рекордно ниво?

Цената на овој благороден метал за прв пат ја надмина вредноста од 60 долари по унца.

December 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари

Уште една недела трае мерката за замрзнување на профитната маржа на прехранбените производи коишто се дел од есенската потрошувачка кошничка.…

October 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Имале зголемени трошоци: Автошколите со повисоки цени за полагање за возачка дозвола од Б категорија

Полагањето за возачка дозвола од Б категорија од овој месец поскапе за речиси 10.000 денари, што ги изненади и револтираше…

November 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Продолжуваме да го развиваме авиосообраќајот во Македонија

Wizz Air започна со продажба на билети за новата авиолинија Скопје – Келн, објави Александар Николоски на својот фејсбук профил.…

August 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?