Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Започнува изградбата на првата подземна сообраќајница во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Започнува изградбата на првата подземна сообраќајница во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Започнува изградбата на првата подземна сообраќајница во Скопје

Објавено November 13, 2025 19:50
Сподели
Сподели

Скопје влегува во нова ера на урбан развој – главниот град ќе ја добие својата прва подземна сообраќајница, која ќе се гради на потегот од под „Лимак“ до влезот во Кисела Вода. Проектот, кој го најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, има за цел да го растовари централното градско подрачје и да воведе современи сообраќајни решенија по европски стандарди.

„По завршувањето на правната постапка веднаш започнуваме со работа. Ова е капитална инвестиција што ќе донесе вистински пресврт во урбаното живеење и ќе го намали сообраќајниот метеж во центарот“, изјави Ѓорѓиевски.

Подземната сообраќајница ќе има шест ленти – четири за двосмерен автомобилски сообраќај и две резервирани за јавен превоз – како и пешачки патеки кои ќе овозможат побезбедно движење.

Дополнително, ќе се изградат нови кружни текови кај „Нова Македонија“, булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“, што ќе придонесат за подобар проток на возила и модерна регулација на сообраќајот.

„Со овој проект, Скопје ќе го добие своето прво подземно сообраќајно чудо. Центарот конечно ќе се ослободи од гужвите и ќе стане покомфорен, побезбеден и поуреден за сите граѓани“, нагласи градоначалникот, додавајќи дека подземната сообраќајница е симбол на „новото време“ и почеток на вистинската преродба на Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски ги обзнани имињата на директорите на јавните претпријатија
Следна Статија (ВИДЕО) Драма на премиера во Сингапур: Нападната Аријана Гранде

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Скопје одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи

Сеќавањето е наша морална должност, а борбата против омразата наша историска одговорност. Затоа, не смееме да се свртиме од минатото…

March 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Иницијативата за оценка на уставноста на Протоколот дочекана на „нож“ во Бугарија

Иницијативата на Лилјана Поповска, поранешна пратеничка и лидер на ДОМ, да покрене иницијатива за уставноста на фамозниот Протокол потпишан со…

August 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Отворена предистрага за дупката од над седум милиони евра во Агенцијата за одземен имот

Недостасуваат седум милиони евра во државниот буџет, кои од страна на Агенцијата за одземен имот не биле уплатени, а се…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Потешкотии во мобилната телефонија на А1

Дел од корисниците на мобилниот оператор А1 денеска имаат потешкотии во мобилната телефонија. Од компанијата велат дека работат на отстранување…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?