Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гори облакодер на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Гори облакодер на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање
БАЛКАН

Гори облакодер на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање

Објавено November 18, 2025 10:17
Сподели
Сподели

Голем пожар избувна синоќа околу 23 часот во облакодерот на хрватскиот весник „Вјесник“ на Славонската авенија во Загреб, кој се шири вертикално и зафати повеќе од катовите и покривната конструкција, поради што во гаснењето се вклучени голем број пожарникари и механизација.

Причината за пожарот засега не е позната, а гаснењето и санирањето на последиците се очекува да трае цел ден, јавуваат хрватските медиуми.

Пожарот почна од покривот и брзо се прошири на средниот дел на зградата и долните катови. Новинарот Крешо Воларевиќ од ХРТ јави дека огнот се однесува невообичаено.

– На моменти изгледа дека сè е изгаснато, а потоа нагло избувнува, делови од фасадата паѓаат – јави ХРТ.

На терен се стотина пожарникари со 30 возила.

 

Командантот на Јавната противпожарна единица на Град Загреб, Синиша Јембрих, за Хрватското радио ја објасни сложеноста на ситуацијата. По дојавата, пожарникарите се искачиле на врвот, почнале да гаснат, но набрзо забележале дека гори и под нив, што е исклучително опасно.

– Тоа може да покаже дека дошло до некоја катастрофална грешка, односно нешто во инсталациите, така што тие инсталации всушност го предизвикале пожарот по целата вертикала на зградата, што е исклучително опасно – појасни Јембрих.

Тој додаде дека поради опасноста, пожарникарите морале да се повлечат и да го гаснат огнот однадвор, што е помалку ефикасно, но неопходно. Во моментов, гасењето се одвива само од надворешни позиции поради паѓањето настакло и на делови од фасадата.

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, кој утрово пристигна пред зградата, потврди дека штетата е „тотална“.

– Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси однатре и однадвор. Не се знае која е причината, постојат некои сомнежи, но увидот ќе го утврди тоа. Најбитно е дека нема човечки жртви и опасност за граѓаните – рече Томашевиќ.

Тој додаде дека мнозински сопственик на зградата е државата, а статичарите ќе треба да проценат дали конструкцијата е за рушење или ќе се оди на обнова.

Синиша Јембрих потврди дека нема опасност од уривање на објектот, иако станува збор за еден од симболите на градот Загреб.

Управата за цивилна заштита информираше дека пожарот се прегледува со термокамера, а на местото на настанот е повикан статичар кој ќе ја процени состојбата на конструкцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ни доаѓа голем празник – Архангел Михаил ќе ви ги оствари желбите, но мора да исполните еден услов
Следна Статија Министерот за надворешни работи на Германија Јохан Вадефул во посета на Maкедонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Бугарски инспектори отпуштени откако барале мито од тимот на Роби Вилијамс

Бугарското Министерство за транспорт отпушти двајца долгогодишни инспектори од Извршната агенција „Автомобилска администрација“ откако тие побарале мито од возачи на…

September 30, 2025
БАЛКАН

Убедлива победа на Милановиќ за втор мандат

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој е поддржан од партијата СДП и коалицијата, победи по вториот круг на претседателските избори. Според…

January 13, 2025
БАЛКАН

(Видео) Нападнат декан на факултет во Нови Сад; Брнабиќ: Кој сака да живее во ваква држава?

На протестите во Нови Сад нападнат бил деканот на Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад, Патрик Дрид,…

April 29, 2025
БАЛКАН

Актерот Жарко Лаушевиќ целиот живот се плашеше од крвна одмазда, неговиот затворски цимер го одмазди единствениот син

Дека крвната одмазда се уште ја има во Црна Гора пример е актерот Жарко Лаушевиќ и неговиот затворски цимер Никола…

January 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?