Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Детската клиника во Скопје доби медицинска опрема вредна околу 2,7 милиони денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Детската клиника во Скопје доби медицинска опрема вредна околу 2,7 милиони денари
ЗДРАВЈЕ

Детската клиника во Скопје доби медицинска опрема вредна околу 2,7 милиони денари

Објавено November 18, 2025 15:47
Сподели
Сподели

Клиниката за детски болести во Скопје денеска прими донација – медицинска опрема или пет значајни медицински апарати – плазматерм, билирубинометар, ехо апарат за тироидна жлезда и други органи, видео ларингоскоп и ЕКГ холтер, со вкупна вредност од околу 2,7 милиони денари, информираше попладнево директорот Реџеп Мемеди во изјава за медиуми.

Мемеди се заблагодари на Фондацијата „Ице Бегов“, на Антонио Пандовски и на сите донатори кои ја поддржале хуманитарната акцијата „За нашите мали херои“.

-Оваа иницијатива е еден голем хуман гест, од причина што оваа медицинска опрема директно ќе влијае на унапредувањето на квалитетот на здравствената грижа, дијагностиката и третманот на околу 70.000 деца, кои годишно се третираат на Клиниката за детски болести. Секој од овие апарати ќе направи реална, мерлива разлика во секојдневната работа на нашите медицински тимови и во грижата за секое дете што ќе дојде на Клиниката. Да изразам искрена благодарност до Фондацијата „Ице Бегов“ за ангажманот, транспарентноста и за фактот што со голема посветеност го реализираа овој проект. Благодарност и до Антонио, чиј подвиг од 600 километри трчање до манастирот Острог беше пример за храброст и човечност, подвлече директорот.

Тој нагласи дека оваа соработка е доказ дека вистинските промени се можни кога институциите, фондациите и граѓаните работат заедно. Воедно се осврна и на тоа зошто оваа опрема е толку важна.

-Плазматермот е критичен за безбедно одмрзнување и загревање плазма во итни состојби, што е од големо значење за нашите најтешки пациенти. Билирубинометарот овозможува брзо, безболно и безкрвно мерење на билирубин кај новороденчињата – особено важно во првите денови од животот. Ултразвучниот апарат обезбедува висококвалитетна дијагностика на тироидна жлезда, тестиси, бели дробови и други органи и ни овозможува побрзо и поточно проценување на состојбата. Видео ларингоскопот значително ја зголемува безбедноста при интубација кај деца – процедура што бара прецизност и стабилност. ЕКГ холтерот овозможува 24-часовно следење на срцевите ритамски нарушувања кај децата, што е клучно за точна дијагноза, истакна Мемеди.

Пандовски во изјава за медиуми појасни дека на 2 јули, во чест на неговата мајка, тргнал на пат долг 600 километри, што траел 18 дена.

– Тргнав со една единствена цел да направам нешто што ќе им помогне на децата кои се борат со многу поголеми предизвици од моите на патот. Овој подвиг не би бил можен без материјалната, логистичката и организациската поддршката што ја добив од Фондацијата „Ице Бегов”. Тие беа со мене уште од првиот ден. Додека јас трчав, тие работеа неуморно на терен, за да може акцијата „За нашите мали херои” да стигне до сите граѓани и компании кои денес ја направија оваа донација реалност. Благодарен сум на сите компании и граѓаните кои донираа. И најмногу благодарам на тимот на Фондацијата „Ице Бегов” за тоа што веруваа во мене и што од еден личен подвиг создадоа хуманитарно дело од национален размер, подвлече Пандовски.

Тој рече дека ова не е приказна за него. Ова е, рече тој, приказна за добрината во нашата земја.

-Ова е доказ дека кога ќе се обединиме, можеме да направиме огромна разлика за децата кои имаат најголема потреба, порача Пандовски.

Елена Бегова, претседателка на Фондацијата, исто така изрази задоволство од денешниот настан.

– Хуманост, ведар дух, добрина. Тоа се темелите на Фондацијата „Ице Бегов”. Тоа е карактерот на Ице што нѐ движи напред и нѐ обединува околу најважната цел да им помогнеме на децата, на ранливите, на оние чии битки често се невидливи, рече таа.

Бегова додаде дека денешниот ден е повеќе од примопредавање на медицинска опрема.

– Ова е потврда дека кога има искрена намера и посветеност, добрината секогаш успева да стане дело. Најпрво, дозволете ми да му се заблагодариме на Антонио. Неговиот подвиг 600 километри за 18 дена, беше искра што ја разбуди солидарноста во целата земја. Фондацијата „Ице Бегов” стоеше зад него со целосна логистичка, материјална и организациска поддршка, но, силата на оваа акција ја создадоа луѓето и компаниите кои застанаа зад една голема идеја: да им помогнеме на најмалите пациенти. Резултатот од ова заедништво е јасен. Собрани се 2.683.910 денари искористени 100 отсто за набавка на пет медицински апарати по приоритетната листа на Детската клиника. Сакаме искрено да им се заблагодариме на 25-те компании донатори, а особено на Спортлајф, кои помогнаа во набавката на билирубинометарот апарат од огромна важност за новороденчињата. Благодарност и до граѓаните кои донираа на наменската сметка, како и на мобилните оператори преку кои беа собрани 466.400 денари, појасни Бегова.

Но, додаде, денешниот успех е само дел од една поголема мисија. Фондацијата „Ице Бегов”, нагласи таа, активно работи на градење инклузивно и праведно општество.

-Пред неколку дена во Гевгелија ја реализиравме третата инклузивна трка Run Together, co 900 учесници, меѓу кои повеќе од 200 лица со попреченост. Дониравме инклузивен парк „Ице Бегов”, пристапно возило, опремивме сензорна соба, организиравме планинарски настани и поддржуваме десетици семејства, здруженија и центри ширум државата. Веруваме дека никаква системска промена не може да се случи без заедница која се грижи. И токму денес, тука, ја гледаме таа заедница на дело, истакна Бегова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стојаноски: Ќе ги прифатиме барањата за надзорна расправа и Анкетна за трагедијата во Кочани, но проширена и со другите трагедии
Следна Статија Во петок се очекува да биде свикана собранискатa Комисија за избор на претседател на ДКСК

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

ФЗО: Четири години никој не се пожалил дека му била направена непотребна операција во приватните болници

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека во изминатите четири години не е евидентирана ниту една претставка од пациенти за…

August 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Светски ден на предвремено родени бебиња: Загадениот воздух и возраста ризик факторите за предвремено породување

Лани во државата имало вкупно 604 предвремено родени бебиња, а оваа година бројот на предвремено родени бебиња изнесува 681. Со…

November 17, 2024
ЗДРАВЈЕ

70 отсто од граѓаните во Македонија користат телефон пред да заспијат

Речиси 70 отсто од испитаните македонски граѓани користат телефон или екран пред да заспијат, а повеќе од 40 отсто се…

March 6, 2026
ЗДРАВЈЕ

Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности

Што треба да направи секој чинител и како треба да делува за да се овозможи подобра онколошка грижа во Македонија?…

December 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?