Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски тврди дека немало напад врз ексновинарот Владимир Перев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски тврди дека немало напад врз ексновинарот Владимир Перев
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски тврди дека немало напад врз ексновинарот Владимир Перев

Објавено November 26, 2025 13:09
Сподели
Сподели

Апсолутно отфрлам дека каков било напад е направен врз ова лице – изјави премиерот Христијан Мицкоски говорејќи за нападот врз ексновинарот и публицист Владимир Перев, кој е деклариран Бугарин од земјава.

За оваа случка, Мицкоски обвини за конструкции и инженериг од страна на Бугарија, оценувајќи дека тоа не е ништо ново.

„Некој може да накисне на дождот надвор и тоа да биде хибриден напад од страна на Владата со кој се загрозува интегративниот процес. Ако некој одлучил да се самоповреди и тоа да го прикаже како хибриден напад или не знам каков напад, тоа е друга работа. Не очекувајте дека ние ќе имаме црвен тепих и дека нема да се прават конструкции и инженеринг. Тоа е тоа, ние навикнати сме на тоа. Инаку, апсолутно отфрлам, а и имав консултации во текот на вчерашниот ден, дека каков било напад е направен врз ова лице“,изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Премиерот беше прашан да ги коментира реакциите на МНР на Бугарија и на бугарскиот претседател Румен Радев кои по објавата за нападот на Владимир Перев побараа институциите во земјава да спроведат ефикасна истрага.

Нападот на Перев е евидентиран и во билтенот на МВР од 21 ноември во кој се наведува:

„На 21.11.2025 во 21:30 часот во СВР Скопје, В.П. (80) од Скопје пријави дека во 21:05 часот во маркет на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 30-дневен притвор за 16-годишникот кој изврши обљуба врз 12- годишно девојче од Охрид
Следна Статија Словенија ќе ги признава македонските возачки дозволи без практичен испит

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се зголемија цените во ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, но и во Клубот на пратеници

Службата за општи и заеднички работи соопшти дека радикално е зголемена наплатата на угостителските услуги кои се наплаќаат од функционерите…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“

Објавен е првиот том од првиот „Македонскиот етимолошки речник“ (А-Ж) од професор д-р Гоце Цветановски, научен советник во Институтот за…

December 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните се за смена на обвинителот Коцевски и против зголемување на платите на судиите и обвинителите

Последното истражувањето на јавното мислење на МКД.мк спроведено од агенцијата Маркет вижн само го потврди фактот дека македонските граѓани не се задоволни…

December 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерство за животна средина: Пластичниот отпад во Вардар е резултат на слаби комунални услуги и диви депонии

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека големите количини пластичен и друг амбалажен отпад во реката Вардар и…

October 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?