Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви

Објавено November 27, 2025 19:05
Сподели
Сподели

Обезбедивме средства од Европската банка за обнова и развој со кои ќе набавиме најмалку 5 нови електрични локомотиви, модернизирање на Македонски Железници со кои ќе можеме да го опслужиме целиот карго превоз во земјава, истакна на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Во соработка со Европската банка за обнова и развој, обезбедивме средства во висина од речиси 21 милион евра со кои треба да купиме најмалку 5 нови електрични локомотиви. Знаете дека минатата година кога беше формирана оваа Влада, имавме за жал нула активни локомотиви, а сега имаме 11, од кои што 4 се понови, а 7 постари. Со 9 локомотиви кои би биле електрични, ќе можеме целокупниот карго превоз да го опслужиме, се надевам веќе од 2028 година, затоа што рок на испорака на овие локомотиви е во 2 години, а она што го имаме најава од ЕБОР е дека март месец следната година веќе ќе можеме да го видиме повикот објавен – истакна од собраниската говорница вицепремиерот Николоски.

Вицепремиерот соопшти уште една новина, а тоа е потпишување на договор помеѓу Железници Транспорт и железници на Австрија, соработка која ќе донесе огромен финансиски бенефит за МЖ Транспорт.

-Македонски железници-транспорт и Желзници Австрија се пред потпишување на договор со кој наши локомотиви ќе се користат за карго превоз кој што треба да оди од Пиреа, Атина до Виена. Тоа го договоривме со претставниците на Владата на Австрија, а сега веќе комуницираат двајцата директори, додаде Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ обвинува дека Владата подготвува враќање и амнестија за Груевски, Филков им одговори да не ја „замајуваат“ јавноста
Следна Статија Мицкоски: Од идниот месец Кацарска и Уставниот суд ќе ги намалат пензиите на 70 % од пензионерите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Грантови од 10.000 евра за младите земјоделци, велат од Владата

Приоритет на Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е развој на македонското земјоделство, со посебен акцент на младите…

April 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата е во завршна фаза

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во Министерството за економија и труд наскоро ќе се одржи состанок со трговците, но…

July 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Банка на Америка го ресетира прогнозата за акциите на Мета пред заработувачката

Еве што може да се случи со акциите на Мета.

January 28, 2026
ЕКОНОМИЈА

Увозници го тарифирале месото со пониски царински стапки за да избегнат плаќање давачки

Во пет случаи при контроли на увоз на месо е остварена дополнителна наплата од 11 милиони денари или 178,9 илјади…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?