Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа

Објавено December 2, 2025 20:05
Сподели
Сподели

Попладнево во Крива Паланка беше приведен поранешниот сопственик на над 500 крави, откако со отпор се спротивставил на полициските службеници и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство кои дошле да ги одземат животните.

На социјалните мрежи се појави и видео, снимено од неговата ќерка, на кое се гледа моментот кога инспекторскиот тим се обидува да ја спроведе одлуката за одземање на кравите – стадо што со месеци предизвикувало штета на земјоделските површини на локалните жители. Во видеото се слуша како неговите ќерки викаат на помош додека полицијата интервенира за да го приведе нивниот татко.

По краток отпор, човекот бил обезбедeн и префрлен во полициската станица во Крива Паланка.

Од Основното јавно обвинителство Куманово потврдија дека е отворен предмет кој ќе се води по брза постапка. Случајот ќе биде разгледан утре, кога обвинителството ќе го добие официјалниот извештај од полицијата.

Инаку, минатата недела мештаните протестираа поради штетите што ги правеле кравите и поради, како што тврдат, закани од поранешниот сопственик и неговите ќерки по поднесените пријави.

Драматичната сцена од денешниот ден само го продлабочува долготрајниот конфликт кој веќе месеци ја вознемирува локалната заедница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поставен нов софистициран скенер во ЦИ Пошти – голем чекор напред во борбата против шверц на оружје и дрога во поштенски пратки
Следна Статија Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Норвежанец дивеел на летот до Скопје, приведен е веднаш по слетувањето

Полицијата ноќва во 1:30 часот на Меѓународен аеродром Скопје го привела А.С.(44) од Норвешка, постапувајќи по претходна пријава дека во…

June 8, 2025
ХРОНИКА

Притвор од 48 часа за четворицата осомничени за пожарот во Трубарево

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка притвор во траење од 48 часа на четворица…

September 15, 2025
ХРОНИКА

Обвинителството бара притвор за возачот од Косово за трагедијата на скопската обиколница

Основното јавно обвинителство отвори истрага за сообраќајната несреќа на скопската обиколница, меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, во која загинаа…

May 23, 2026
ХРОНИКА

Судска медицина: Кокаин и лекови за смирување пронајдени кај Стојанче Јовановски

На судењето за случајот со смртта на Ивана Јовановска, вештакот по судска медицина Златко Јаќовски сведочеше за наодите од обдукцијата…

April 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?