Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ се длабоко загрижени и го осудуваат нападот на редакцијата на порталот „Инфомакс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ се длабоко загрижени и го осудуваат нападот на редакцијата на порталот „Инфомакс
ПОЛИТИКА

ДУИ се длабоко загрижени и го осудуваат нападот на редакцијата на порталот „Инфомакс

Објавено December 11, 2025 17:11
Сподели
Сподели

Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост и го осудува насилниот инцидент што се случи во редакцијата на порталот „Инфомакс”, каде непознато лице упадна за време на директното емитување. Ваквите постапки сериозно ја нарушуваат демократската атмосфера во земјата и ги поткопуваат заедничките напори за градење отворено и одговорно општество.

Како партија чија ориентација се темели врз европските вредности и стандарди, ДУИ потенцира дека безбедноста на новинарите и независноста на медиумите претставуваат столбови на секоја функционална демократија. Секој обид за заплашување, притисок или насилство врз медиумите е неприфатлив и треба да биде третиран со висок приоритет од надлежните институции.

Ги повикуваме надлежните органи да преземат брзи и непристрасни мерки за целосно расчистување на случајот и за обезбедување мирни и безбедни услови за работа на медиумската заедница. Само преку заштита на слободата на изразување и гарантирање на демократскиот поредок можеме да напредуваме кон стандардите кон кои тежнееме како држава.

ДУИ останува посветена на одржување на мирна, одговорна и европски ориентирана политичка и општествена средина

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија До Гаши испратено барање за одземање на имунитетот на пратеникот Јанчев од Левица
Следна Статија Скопските јавни претпријатија во „була“ од 10 милиони евра и со долгови од близу 80 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Николоски: Работиме на децениски предизвик – сите населени места од Општина Брвеница со директен излез на автопатот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во Општина Брвеница го посети кандидатот за градоначалник Јовица Илиевски, кој е кандидат за…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

На вчерашниот народен митинг во Куманово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче од Битола: Економијата е заглавена, инфлацијата галопира – Мицкоски ја влече државата назад

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вчерашната граѓанска трибина во Битола, посочи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ,…

October 15, 2025
ПОЛИТИКА

Се најде лек за гужвите на Евзони: Грција ќе поставува модуларни пунктови

На ситуацијата на копнените гранични премини со спроведувањето на ЕЕС системот, можноста што европската регулатива ја дава за привремена суспензија…

June 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?