Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопските јавни претпријатија во „була“ од 10 милиони евра и со долгови од близу 80 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Скопските јавни претпријатија во „була“ од 10 милиони евра и со долгови од близу 80 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

Скопските јавни претпријатија во „була“ од 10 милиони евра и со долгови од близу 80 милиони евра

Објавено December 11, 2025 17:14
Сподели
Сподели

Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, на првите три места со најголеми загуби во земјава лани биле три скопски јавни претпријатија: „Водовод и канализација“, „Улици и патишта“ и „Комунална хигиена“. Само скопски „Водовод“ имал загуба од 4,2 милиони евра, „Улици и патишта“ од 2,6, а „Комунална хигиена“ од 1,2 милиони евра. Во државава има 128 претпријатија на локално ниво кои ја завршиле 2024 година со вкупна загуба од 17 милиони евра

Половина од локалните јавни претпријатија во земјава ја завршиле 2024 година со загуба. Притоа, вкупниот износ на загуби изнесува 17 милиони евра. Ова го покажале резултатите од истражувањето што го спровел Центарот за граѓански комуникации. Вкупните загуби само на првите 10 претпријатија со најголеми негативни финансиски резултати изнесуваат 13,5 милиони евра, што е дури 77 % од вкупните загуби.

Според истражувањето, на првите три места со најголеми загуби во земјава се три скопски јавни претпријатија: „Водовод и канализација“, „Улици и патишта“ и „Комунална хигиена“.

Само скопски „Водовод“ има загуба од 4,2 милиони евра, „Улици и патишта“ од 2,6 милиони евра, а „Комунална хигиена“ од 1,2 милиони евра. На четвртото и на петтото место се две битолски претпријатија, „Водовод“ со еден милион евра и „Комуналец“ со 960.000 евра, на шестото место, исто така, е скопско јавно претпријатие, а тоа е „Паркови и зеленило“ со 944.000 евра, потоа следуваат комуналните претпријатија „Водовод“ од Кочани со загуба од 902.000 евра, „Дервен“ од Велес со 600.000 евра, „Охридски комуналец“ со 597.000 евра и „Водовод и канализација“ од Прилеп со загуба од 462.000 евра.

Лани загубите на локалните јавни претпријатија биле зголемени во однос на 2023 година за дури 56 %, односно за 6,2 милион евра. Во последните неколку години бил зголемен и бројот на претпријатија што работеле со загуба, и тоа од 54 во 2023 година на 71 претпријатие во 2024. Соодветно на тоа, намален е бројот на претпријатија што оствариле добивка во 2024 година, но вредноста на добивката е зголемена. Во 2024 година, вкупната добивка изнесувала околу 5,4 милиони евра, што е за 24 % повеќе од 2023 година.

Уште поголеми од загубите се долговите на локалните јавни претпријатија, мерени преку нивните краткорочни обврски.

– Според нивните завршни сметки, дури 126 од 128 локални јавни претпријатија имаат долгови што вкупно изнесуваат 193,2 милиони евра. Најголеми долгови има истото претпријатие што има и најголема загуба, односно скопски „Водовод и канализација“. Само ова претпријатие има краткорочни обврски од 53,3 милиони евра. Следно е, исто така, скопско јавно претпријатие, а тоа е јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП), кое има долгови од речиси 17 милиони евра. Со долгови од по речиси 10 милиони евра се кумановски „Водовод“ и гостиварски „Комуналец“, а на петтото место, со долгови од 8 милиони евра, се наоѓа скопска „Комунална хигиена“. Првите десет претпријатија со најголеми долгови заедно должат 40 % од вкупните долгови на сите претпријатија, а долгот на првите 20 најзадолжени претпријатија изнесува 53 % од вкупните долгови – информираат од ЦГК.

Истражувањето покажало дека 41 претпријатие имаат блокирана банкарска сметка. Во сите овие 128 претпријатија на локално ниво, во постојан работен однос се 12.009 вработени. Најмногу вработени, по повеќе од илјада, имаат три скопски локални претпријатија: „Комунална хигиена“, ЈСП и „Водовод и канализација“. Од другите градови, претпријатие со најмногу вработени е штипски „Исар“. Во 2024 година, бројот на вработени во ЈП изнесувал 12.009, што е за 171 вработен (1,4 %) помалку од 2023 година, односно 462 вработени (3,7 %) помалку од 2022 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ се длабоко загрижени и го осудуваат нападот на редакцијата на порталот „Инфомакс
Следна Статија САД добија предлог за територијални отстапки од Украина, соопшти Мерц

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ѓорѓиевски за проектот градски воз: Ќе бидеме целосно логистички вклучени во овој процес

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски се обрати при извршениот увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз. -Сакам…

November 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Ле Риголер: Добрата капитализарност на банкарскиот систем овозможи забрзување на кредитниот раст

Добрите политики на Народната банка имаат суштинско значење за стабилизирањето на инфлацијата и за одржувањето и зајакнувањето на финансиската стабилност,…

January 27, 2025

Кина бележи пораст на извозот за 5.9% во ноември

Извозот на Кина се врати во раст во ноември по неочекуван пад во октомври, зголемувајќи се за 5.9% во споредба…

December 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Златото и среброто со историски рекордна цена

На европските берзи денеска преовладува празнична атмосфера, бидејќи голем дел од пазарите се затворени поради прославата на Бадник според Грегоријанскиот…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?