Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Буџетот е ликвиден, тековно се извршуваат сите обврски, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Буџетот е ликвиден, тековно се извршуваат сите обврски, вели Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Буџетот е ликвиден, тековно се извршуваат сите обврски, вели Мицкоски

Објавено December 14, 2025 14:13
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е ликвиден и оти тековно се извршуваат сите обврски. Датумот 15 декември бил поставен како рок, не за затворање на трезорот, туку како датум кога институциите треба да ги достаат сите тековни расходи за да може навреме да се завршат исплатите, а не да останат незавршени и да се книжат до година. Добро е, според него, институциите да го почитуваат рокот, но ако некој дојде по тој рок нема да биде одбиен. Тезите на опозицијата дека Буџетот е празен, нагласува Мицкоски, се обид за креирање страв и паника кај граѓаните и за евтини краткотрајни политички поени. Ние, потенцира тој, не само што ги исполнуваме тековните обврски, туку ги санираме штетите од нивното седумгодишно уништување на државата. Пари има за сите исплати и за К-15 во јавната администрација.

-Јас не реков дека ќе се затвори трезорот, туку го поставивме 15 декември како датум кога сите иснтитуции е добро да ги достават сите оние тековни потреби, расходи и сите средства кои треба да се пренесат до доверителите. Се разбира на тоа додадов дека имаме толеранција. Се разбира дека нема ако некој дојде на 20 декември да речеме клучот е на врата и завршена е работата. Се разбира дека толеранција ќе има, но идејата е да работиме со план, да имаме свесност дека е потребно сето тоа да реализираме со време, да имаме некаква навика и да го почитуваме сето она што ќе го поставиме како план и задачи. Тоа е суштината, рече премиерот во одговор на новинарско прашање по посетата на реконструираната полициска станица во Бутел.

Истакна дека минатата година имал искуство како во 5 до 12 се да се случувало, а потоа останале некои работи недовршени, бидејќи, како што нагласи, едноставно физички не можл сето тоа да го сработи.

-Затоа јас ги молам сите институции да дојдат навреме. Не велам дека на 25-ти ако дојде некој со налог нема тоа да се прифати и ќе се одбие, но, навремено да ги испланираме активностите, за да не се случи во 5 до 12 сите да нагрнеме таму и некои од обврските да останат неплатени односно да ги книжиме во следната година. Само тоа е целта, чисто мораме да се навикнеме на некаков ред, рече Мицкоски.

На прашање дали ќе има и К-15 за јавната администрација, Мицкоски одговори потврдно. Ќе има и годинава, онака како што е согласно закон, рече, потсетувајќи дека минатата година прв пат бил исплатен ваков надоместок за вработените.

Во врска со обвинувањата на СДСМ дека буџетот е празен и нема пари и затоа се затвора трезорот на 15 декември, рече дека ќе одговори на нив бидејќи „СДСМ го има кредибилитетот како опозициска партија и мора да се одговара на нивните тези кои се небулозни, невистинити и неточни“.

-Претпоставувам дека таму има луѓе кои колку толку се разбираат во економија. Нејасно е зошто испраќаат вакви тези во јавноста. Јас ги разбирам дека сакаат да создаваат паника и немир кај граѓаните, но, тоа има ефект на краток рок од денеска до утре. Еве нема да се затвори на 15-ти ќе се плати на 25-ти. Ликвидносно е затворен буџетот, сите потреби се обезбедени и покрај тоа што имаме наследени долгови. Мој совет до нив е дека овој дневен пи-ар од денес за утре обид да се нанесе паника, да се создаде кај граѓаните страв дека еве работите не одат, им се удира од глава, бидејќи за нивна жал, а за среќа ан граѓаните тековно се завршуваат сите обврски и се санираат штетите од седумгодишното управување со владата на политичко потпросечни медиокритети кои опиени од желбата за пари и моќ, политички и државотворно исплакнати ја уништуваат државата, рече Мицкоски.

Додаде дека никогаш не треба да се повтори тој, како што нагласи, „неславен период од 7 години кога политичко потпросечни медиокритети имаа можност да управуваат со инстутуциите во државата без никаква одговорност. Се надевам, посочи, дека многу скоро со одредени промени во обвинителнството и таа одговорност ќе ја има.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Следна Статија Секој четврти македонски граѓанин не верува дека ќе се случи членство во ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Митева: Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање

Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање. Предлогот кој вчера наиде на бројни критики од страна на…

December 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за половина денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)…

August 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Извозот во овој квартал се стабилизира, постои силен предизвик со кризата во автомобилската индустрија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција информираше дека се согласува оти нашата земја треба да има поголем извоз, отколку увоз.…

June 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поддршката на успешни домашни бизниси е клучна за развојот на стопанството и отворањето на нови работни места

Денеска остваривме посета на компанијата „Игматомитекс“ фирма со над 100 вработени, специјализирана за производство на текстил. Со оваа посета имавме…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?