Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Град Скопје излезе со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Град Скопје излезе со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
МАКЕДОНИЈА

Град Скопје излезе со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух

Објавено December 19, 2025 16:16
Сподели
Сподели

Град Скопје издаде препораки и мерки за заштита на амбиенталниот воздух откако утринава Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат.

Согласно надлежностите на градот Скопје утврдени со Законот за животна средина, Законот за квалитет на амбиенталниот воздух, како и уредбата за гранични вредности за нивоа и видови загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, градот Скопје ги издава следниве препораки:

– Сите јавни установи на подрачјето на градот Скопје да извршат итна проверка на исправноста и ефикасноста на грејните тела, климатизациските системи и останатите уреди за загревање;

– ЈП „Комунална хигиена“ да спроведува зачестено чистење и миење на коловозните површини во надлежност на град Скопје, а општините да постапат аналогно за улиците во нивна надлежност;

– Се препорачува граѓаните, во периоди кога надворешната температура е над 0*C, доколку имаат техничка можност, да користат климатизациски уреди и инвертер-системи, наместо индивидуални ложишта на цврсти или течни горива;

– Инсталациите во кои се врши согорување на енергенси да се користат во согласност со европските еколошки стандарди;

– Сопствениците и корисниците на објекти (правни и физички лица) да извршат проверка на исправноста на уредите за загревање, а при идни инвестиции да предвидуваат технологии со пониско ниво на емисии;

– Да се применува користење на јавниот превоз, да се избегнува користење на патнички возила без оправдана потреба и да се применува принципот на заедничко користење на возилата (car sharing);

– Институциите и правните субјекти, колку што е можно, да го ограничат користењето на службени возила, а при идни набавки да се предвиди користење на електрични, хибридни, односно возила кои како гориво користат енергенс со кој максимално се редуцира емисијата на полутанти во амбиенталниот воздух;

– Градежната механизација да го избегнува движењето во периодите на сообраќаен метеж, од 7.30 до 8.30 часот и од 15.30 до 17 часот.

Препораки и мерки за заштита на населението:

– Се препорачува ограничување на престојот на отворен простор, особено кај чувствителните категории на население;

– Да се избегнуваат спортски настани на отворено;

– Средните училишта под надлежност на градот Скопје да извршат проверка на состојбата и функционалноста на прочистувачите на воздух;

– Општините на подрачјето на град Скопје да спроведат проверка на прочистувачите на воздух во детските градинки во нивна надлежност.

Надзор над инсталациите и теренските контроли во населените места:

– Зајакнати инспекциски надзори на инсталации кои поседуваат Б интегрирани еколошки дозволи и одобрени елаборати за животна средина;

– Зајакнати инспекциски надзори над градилиштата со цел заштита од создавање прашина од градежната механизација и градилиштата;

– Зајакнати контроли во однос на создавање диви депонии и спалувања на отворен простор;

– Контрола на одобренијата за дотур на роба кои ќе важат во периодот од 18 до 7.30 часот наредниот ден, согласно одлуката за изменување и дополнување на одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување стока на подрачјето на град Скопје;

– Вонредни контроли на техничката исправност на возилата во однос на зголемени емисии на штетни гасови во соработка со надлежното министерство;

– Контрола на воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, со насока да се користи обиколницата во соработка со надлежното министерство.

Дополнително, градот Скопје известува и дека овластените инспектори за животна средина, комуналната инспекција и комуналните редари на градот, постојано вршат инспекциски надзори на диви депонии, стрништа, ораници заради спречување на нивно палење.

Изречени се и прекршочни платни налози според Законот за управување со отпад, Законот за амбиенталниот воздух и Законот за животна средина.

Градот Скопје исто така апелира до граѓаните да не се користат огномети и пиротехника за време на претстојните празници со цел заштита на здравјето на граѓаните, животната средина, како и безбедноста на луѓето и животните.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Двајца сопственици на златарница затаиле данок од еден милион евра
Следна Статија Нека одлучи Уставниот суд – вели Мицкоски за претставката на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тимови од АХВ спроведуваат вонредни контроли во кујните на девет основни училишта во Карпош

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека денеска нејзини инспекциски тимови спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9…

November 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Доделени наградите „8 септември“, Јошко Миленкоски доби признание за животно дело

Министеството за спорт на Република Македонија го додели традиционалното признание и државната награда „8 септември“. Денес во просториите на Собранието…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Косовски почесен конзул му помогнал на Груби да помине на Блаце

Арсим Папранику е бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски го прочитал писмото од Ахмети, вели дека поминало времето кога политичари можат да влијаат на судии

Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека го добил и го прочитал писмото на лидерот на ДУИ Али Ахмети, во врска…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?