Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Запленети трипати повеќе пиротехнички средства – МВР ја почна кампањата за безбедни празници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Запленети трипати повеќе пиротехнички средства – МВР ја почна кампањата за безбедни празници
МАКЕДОНИЈА

Запленети трипати повеќе пиротехнички средства – МВР ја почна кампањата за безбедни празници

Објавено December 19, 2025 16:24
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Јасмина Георгиевска-Павловска и генералниот секретар на Црвениот крст, д-р Саит Саити, денеска на Плоштад „Македонија“ присуствуваа на показна вежба на децата од средното скопско училиште „Владо Тасевски“, во рамки на превентивната кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“.

Кампањата се реализира во организација на СВР Скопје – Одделение за превенција и Црвениот крст на Град Скопје, со поддршка на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, а нејзиниот фокус е ставен на подигање на јавната свест за сериозните ризици и последици од неовластената употреба на петарди и други пиротехнички средства, особено кај децата и младите.

Министерот Тошковски упати благодарност до сите институции и учесници вклучени во кампањата, нагласувајќи дека заштитата на животот и здравјето на најмладите е врвен приоритет.

„Овие превентивни активности имаат огромно значење. Ниту една прослава не вреди колку здравјето и животот на нашите деца. Благодарност до Црвениот крст, до Клиниката за пластична хирургија, до Средното училиште ‘Владо Тасевски’ и до учениците кои со своето учество испратија силна порака до јавноста“, изјави министерот Тошковски.

Во своето обраќање, министерот посочи дека Министерството за внатрешни работи годинава бележи значително зголемена откривачка активност во делот на нелегалната пиротехника.

„Заклучно со месец ноември 2025 година, откриени се околу 155.000 парчиња пиротехнички средства, што е речиси трипати повеќе во споредба со 2024 година, кога беа откриени околу 52.000 парчиња. Само во текот на овој месец, во рамки на посебна оперативна акција, запленети се дополнителни над 30.000 парчиња пиротехника“, истакна Тошковски.

Тој нагласи дека овие бројки се доказ за интензивната работа и посветеноста на полициските службеници, но воедно и аларм за големиот обем на пиротехнички средства што циркулираат во државата.

„Ќе продолжиме со решителни репресивни мерки, но превенцијата е суштинска. Мораме заеднички да ја подигнеме свеста дека пиротехниката не е неопходна за убави празници. Оваа порака ќе ја пренесуваме не само во Скопје, туку и низ целата држава“, порача министерот за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се воздржат од користење на пиротехнички средства и заеднички да придонесат кон безбедни и мирни празници за сите.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нека одлучи Уставниот суд – вели Мицкоски за претставката на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
Следна Статија Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е со јасна визија за младите, наш приоритет е реализација на многу проекти од суштинско значење за младите луѓе

На денешниот настан по повод 34 години од формирањето на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, имаше обраќање претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ,…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Мора да се преземат одредени мерки, направен е лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска повтори дека е направен лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете кое почина на…

October 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе бара репреговарање на договорот за хеликоптерите „Леонардо“

Координативно тело за арбитражни постапки во Владата избира адвокатска куќа за разговори на Министерството за одбрана со италијанската компанија „Леонардо“.…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија со убедливо најниски цени на горивата

Приоритет и најголем интерес на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува одржувањето на стандардот на граѓаните. За таа цел, со вистински…

March 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?