Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Детали за трагедијата во која 2-годишното дете почина поради тешки повреди на мозокот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Детали за трагедијата во која 2-годишното дете почина поради тешки повреди на мозокот
ХРОНИКА

Детали за трагедијата во која 2-годишното дете почина поради тешки повреди на мозокот

Објавено January 2, 2026 13:53
Сподели
Сподели

Повреденото дете во новогодишната ноќ кое беше примено на Клиниката за неврохирургија во Скопје, утрово почина како резултат на многу тешките повреди на мозокот од страна на метално страно тело, изјавија од Клиниката за МИА.

-За понатамошни толкувања ќе почекаме резултати од судско-медицинските испитувања и иследувањата од страна на МВР, пишува во одговорот на прашањата на МИА.

Мајката на детето која има 21 година, објаснила дека излегле надвор да гледаат гномет, кога слушнала звук, па си го видела детето крваво.

-Полициски службеници излегле на местото и извршиле службен разговор со 21-годишната мајка Г.Д. која појаснила дека на 31.12.2025 пред полноќ излегла пред дворот од куќата на подрачјето на Гази Баба со детето и гледајќи огномет слушнала звук, по што забележала крв од главата на детето. Во полициска станица е извршен службен разговор и со таткото на детето М.А.(26). Во 01:58 часот на 02.01.2026 детето починало, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на детето е дадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Претходно денеска, Јавното обвинителство издаде наредба за обдукција на телото на двегодишното дете.

– Во однос на починатото двегодишно дете, Основното јавно обвинителство – Скопје издаде наредба за обдукција на телото, соопштија од Обвинителството.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера во изјава за медиумите информираше дека за време на новогодишната ноќ се случиле два сериозни инцидента – убиство на турски државјанин со нож, во Скопската чаршија, и случај на тешко повредено двегодишно дете, на, како што рече, засега непознат начин, кое било во животозагрозувачка состојба во Клиничкиот центар-Скопје.

Тошковски посочи дека повредата на детето е од „метален фрагмент кој во тој момент не можел детално да се специфицира“.

– Има повеќе теории на случај за тоа како е повредено детето. Штом точно ги утврдиме причините за настанување на оваа тешка телесна повреда ќе ја информираме јавноста, рече Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вкупно 228 бебиња се родиле во кавадаречката болница во 2025, наспроти 140 во 2024 година
Следна Статија Невработени, студенти, ученици и пензионери, ќе можат да бидат ангажирани без губење на веќе стекнати права

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Раде Трајковски-Штекли оди во затворот во Шутка – одреден му е притвор од 30 дена со уште девет лица

Судија на претходна постапка им одреди триесетдневен притвор на Раде Трајковски – Штекли и уште девет лица осомничени за трговија…

January 20, 2025
ХРОНИКА

Кешишев на бел лист напишал дека убиецот на Вања и Панче е Велибор Манев

Напишано рачно на кирилично писмо на бел лист А4 формат. Испратена преку затворот, а не преку неговиот бранител, Влатко Кешишев…

November 20, 2024
ХРОНИКА

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата

Еден тон марихуана е запленет во складиште на фирмата „Грин лајф“ во валандовското село Јосифово, една од шесте компании на…

February 24, 2026
ХРОНИКА

ВМРО-ДПМНЕ се прости од Илиевски: Секогаш беше меѓу народот

ВМРО-ДПМНЕ се простија од градоначалникот на Бревеница, Јовица Илиевски, кој ненадејно почина. -Со длабока тага и неверување ја примивме веста…

June 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?