Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ново зголемување на цените на горивата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ново зголемување на цените на горивата
ЕКОНОМИЈА

Ново зголемување на цените на горивата

Објавено January 12, 2026 14:39
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03% во однос на одлуката од 5.1.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,332%, кај дизелот има намалување за 0,317%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,391% и кај мазутот има намалување за 4,067%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7158%.

Од 13.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 32,133 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,668 ден/кг и сега ќе изнесува 32,133 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.1.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судскиот совет ја одби претставката на Љупчо Палевски-Палчо
Следна Статија Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Откупната цена на тутунот се зголеми на 400 денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека е постигната историски највисока цена на откупна цена на тутун по килограм од 400…

December 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николовски: Ги затегнавме чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите

Ги затегнавме чешмите, се оди во Буџетот, постигнавме рекордна наплата на приходите во изминатите 5 месеци. Поднесена е 31 дисциплинска…

November 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

Расте бројот на фантом-фирми кои украле државни милиони евра преку поврат на ДДВ

Фирми за кои јавноста дозна дека со фиктивни измами ја оштетиле државата и добиле високи суми како поврат на ДДВ…

December 24, 2024

Недостигот на гориво ќе ги погоди и Европските аеродроми

Европските аеродроми би можеле да се соочат со поширок недостиг на авио-гориво ако пловниот сообраќај низ Ормускиот Теснец не се…

April 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?