Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Клинички центар добива две монтажни катни гаражи, нови 500 паркинг места
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Клинички центар добива две монтажни катни гаражи, нови 500 паркинг места
МАКЕДОНИЈА

Клинички центар добива две монтажни катни гаражи, нови 500 паркинг места

Објавено January 26, 2026 13:56
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, како и со стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје, одржаа координациски состанок со кој официјално се отпочнува процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар.

Со реализацијата на овој проект кој ќе го изведува градот Скопје, ќе се обезбедат околу 500 нови паркинг места, со што конечно се става крај на долгогодишниот хаос со паркирањето во и околу Клиничкиот центар. Ова е конкретно, функционално и трајно решение кое директно ќе го олесни секојдневието и работата на здравствените работници, но и пристапот на пациентите од целата држава кои секојдневно доаѓаат на лекување. Изградбата на монтажните гаражи ќе овозможи подобра организација на сообраќајот, слободен и непречен пристап за итната медицинска помош и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, со почитување на јавниот простор и современите урбанистички стандарди, објави Ѓорѓиевски.

Посочува дека овој важен инфраструктурен зафат е во координација со премиерот Христијан Мицкоски и претставува јасен сигнал за заедничка посветеност кон решавање на реалните проблеми на граѓаните и унапредување на здравствениот систем.

Со заедничка работа, координација и јасна визија, чекор по чекор градиме функционални и одржливи решенија во интерес на граѓаните. Ова е само дел од она што следува. Скопје ја живее новата ера, нагласува градоначалникот на Град Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Четворица кандидати досега се пријавиле на Огласот за државен јавен обвинител, рокот истекува на полноќ
Следна Статија Брат на жртва од „Пулс“ сведочеше за трагичната вечер, работел како келнер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на нестабилно време со дожд и грмежи. Според синоптичарите, утре во…

April 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Градежен хаос во Дебар Маало – „Шанса за Центар“ обвинува за прекршување на права и загрозување на безбедноста

Иницијативата „Шанса за Центар“ алармира за хаотична и контроверзна градба што се изведува во срцето на Дебар Маало, во непосредна…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија заслужува членство во Европската унија, но со крената глава

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека имал телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. -Во пресрет на извештајот на…

June 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија добива поддршка: На билатералните прашања не им е место во преговорите за ЕУ, порачаа Плаколм и Грашич

Австриската сојузна министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Плаколм и словенечката државна секретарка во Министерството за надворешни и европски…

October 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?