Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гроздан Караџов: Големи економски загуби за сите од блокадата на границите со Србија и Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Гроздан Караџов: Големи економски загуби за сите од блокадата на границите со Србија и Македонија
БАЛКАН

Гроздан Караџов: Големи економски загуби за сите од блокадата на границите со Србија и Македонија

Објавено January 27, 2026 17:24
Сподели
Сподели

Економските загуби за сите земји, не само за Бугарија, ќе бидат многу големи од блокадата на границите со Србија и Република Македонија, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски во оставка, Гроздан Караџов, за време на Софискиот економски форум, пренесува БТА.

Караџов дополни дека „ваквите блокади, покрај кршењето на некои од основните права, правото на слободен премин и правото на слободен транспорт на стоки, водат до многу сериозни економски последици не само за транспортниот сектор туку и за сите други економски сектори, кои зависат од снабдувањето“ и обично не водат кон решавање на проблемите.

– Подобро е да се седне и да се разговара со институциите, во овој случај со европските институции – ниту Владата во Бугарија ниту која било друга земја членка нема никаква врска со оваа одлука. Затоа е правилно да се седне и да се разговара со европските институции за да се бара заемно корисен компромис. Нема потреба самите земји, Србија и Македонија, нивните економии да страдаат толку колку и нашите економии и со тоа да се казнуваат меѓусебно – рече Караџов.

Укажувајќи дека министрите во европските земји учествуваат во разни формати за прашања поврзани со транспортот, рече дека она што може да го направат е да ја повикаат Европската комисија што побргу да почне преговори со двете земји, а во исто време да ги отвори границите додека не се најде решение. Бугарија, како што вели, нема право да донесува такви одлуки.

Караџов додаде дека ќе иницира до своите колеги да се отворат „прозорци“ на границите во Србија и Македонија, но посочи дека таква опција тешко ќе се постигне.

Товарниот сообраќај во регионот од вчера е во прекин на граничните премини кон шенген-зоната поради блокадите на камионските превозници, кои бараат да се промени правилото на ЕУ за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана
Следна Статија Товарниот сообраќај трет ден блокиран, ако нема решение запира и меѓународниот автобуски превоз

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Бугарија денеска излегува на осмите парламентарни избори во последните пет години

Во Бугарија денеска се одржуваат парламентарни избори за состав на 52-рото Народно собрание. Избирачките места беа отворени во 7 часот,…

April 19, 2026
БАЛКАН

Бројот на жртвите во Нови Сад се искачи на 13, три лица во болница

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ за РТС изјави дека според најновите информации- 13 луѓе загинале откако се…

November 1, 2024
БАЛКАН

Вучиќ призна дека мора да се врати во форма: Глумам дека вежбам, но Србија е на вистинскиот пат (ВИДЕО)

„Далеку сум од добра форма, но Србија се врати на вистинскиот пат, Србија победува и веќе никој не може да…

June 16, 2025
БАЛКАН

Стршен усмрти 38-годишна жена во Србија

38-годишна жителка на селото Ршавци кај Врњачка Бања, Србија, мајка на две деца, трагично почина вчера во претпладневните часови по…

September 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?