Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерот Алиу ќе разговара со Кедев откако кардиологот го напушти Советот на министерството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Министерот Алиу ќе разговара со Кедев откако кардиологот го напушти Советот на министерството
ЗДРАВЈЕ

Министерот Алиу ќе разговара со Кедев откако кардиологот го напушти Советот на министерството

Објавено February 1, 2026 17:42
Сподели
Сподели

Министерот вели дека засега нема да го коментира случајот, ниту да навлегува во евентуалните причини зошто кардиологот се повлекува од здравствениот совет на МЗ.

Министерот за здравство Азир Алиу вели дека не ја прочитал оставката на кардиологот и академик Сашко Кедев, во која го известува дека се повлекува од здравствениот совет, а која уште на 23 јануари е примена и заверена со архивски печат во Министерството за здравство.

Ова тој го соопшти во изјава за весникот „Вечер“, посочувајчи дека засега нема да го коментира случајот, ниту да навлегува во евентуалните причини зошто Кедев се повлекува од здравствениот совет.

„Немам коментар. Треба да се видам со професорот Кедев и да седнеме да разговараме затоа. Не сум ја прочитал оставката. За ова подготвуваме и прес-конферецнија за следната недела“, вели Алиу.

Од Министерството за здравство денеска за „360 степени“ одговорија дека министерот Алиу ќе го побара доктор Кедев, со цел да се видат и да разговараат за поднесената оставка.

„Потоа, ќе имаме прес-конференција за сите елементи и прашања што се отвараат“, соопштија оттаму.

Ова следи откако вчера „360 степени“ објави дека известувањето за повлекувањето на кардиологот Кедев од здравствениот совет е примено во Министерството за здравство (МЗ) на 23 јануари годинава.

Претходно, на наше прашање за коментар за повлекувањето на Кедев од здравствениот совет и причините што тој ги навел, од МЗ одговорија дека до министерот за здравство Азир Алиу досега формално не е пристигната оставка од Кедев.

„Ве известувам дека се повлекувам од работата на здравствениот совет на Министерството за здравство, од причина што сметам дека започнатите контролни процеси треба да ги спроведуваат исклучиво компетентни кадри со веќе докажан стручен и професионален кредибилитет“, се вели во известувањето на Кедев до Алиу.

Тој наведува и дека се надева оти „јавното здравство ќе остане приоритет во политиките на Министерството за здравство“, што може да се толкува како став на кардиологот дека Министерството се поставува заштитнички кон приватните болници кои се меѓу засегнатите во случајот со непотребно извршените операции на срце.

По откривањето на случајот со непотребните операции на срце во август минатата година лично од Сашко Кедев, министерот за здравство Азир Алиу формира 15-члена комисија, која на 14 ноември излезе со прелиминарен извештај.

Според наодите на комисијата, од 19 анализирани случаи, кај 10 биле утврдени непотребно извршени операции или непотребно упатување за операции. Од комисијата тогаш соопштија дека имињата на инволвираните болници и доктори ќе ги соопштат откако наодите ќе ги потврдат заедно со странски експерти што ќе ги ангажира Министерството за здравство.

Од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) денеска излегоа со реакција на повлекувањето на кардиологот од здравствениот совет на МЗ, посочувајќи дека станува збор за тежок и длабок сомнителен скандал, со кој се разоткрива целото сценарио со докторот Жан Митрев и сопственик на истоимената приватна клиника против лидерот на партијата, Венко Филипче.

Извор: 360stepeni.mk

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Укината забраната за камиони и на патниот правец Маврово – Дебар
Следна Статија Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Клиниката за торакална и васкуларна хирургија се стекна со статус на акредитирана здравствена установа

На ден 10-10-2024 година се додели сертификатот за акредитација на директорот д-р Игор Џиковски на ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална…

October 29, 2024
ЗДРАВЈЕ

АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) инфомира деја минатата и оваа недела спроведени се 154 вонредни инспекциски надзори во магацини…

March 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Намирници што треба да ги избегнувате кога сте болни

Некои намирници кои се инаку здрави можат да ги влошат симптомите и да го отежнат закрепнувањето. Еве неколку намирници што…

December 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нутриционисти ги откриваат петте најздрави јаткасти плодови

Јаткастите плодови се неизоставен дел од здравата исхрана. Имајќи го предвид нивниот фантастичен вкус, воошто не нè чуди фактот што…

November 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?